ме (зам.) - повика (гл.)

Иако запрашан неколку пати, Херман никогаш нема да каже дали некоја таблета е „добра“ - едноставно затоа што ефектот варира од човек до човек и од едно до друго време.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Колку е ова точно, сфатив кога Аугуст де Лоор (основачот на Бирото за советување) ме повика да му се придружам во собата за Прва помош, каде што на една девојка ѝ беше лошо.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Па тоа беше малото на колешката од соседната канцеларија, која утрото ме повика заедно да испиеме по едно кафе.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Никому тоа не му пречеше - знаеја дека, ако ме повикаат да дојдам, сигурно нема да дојдам сам.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Сето тоа изгледаше како една журка да упаѓа во друга.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Кога заврши часот, ме повика да појдам со неа кај директорот.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Наставничката по англиски јазик беше фер. Пред одделението ништо не рече.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Другите се запишале со измислено име и презиме. Едноставно - не се кажале по правдина кои се!
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ме повика техничкиот уредник да го проверам испланираниот весник и да го одобрам за печатење, за влегување во ротација.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
А бог, кога ќе ме повика кај себе, нека ми пресуди за сè што сторив и што не сторив на земјава.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
ИВАН Во затворов соништата се чудни.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Требаше да ме побара по телефон другарката секретарка Егејката Филимена за да дознаам дека Иван е во затвор и дека мене ме повикал Ѓурчин за да утврди колку сум виновен за неговото однесување!?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во затворот соништата се прилепуваат до јавето.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не личат на соништата од обичниот живот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Потоа ме повика во канцеларијата класниот раководител господин Поповиќ.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Христина, - ме повика Вера и покажувајќи на мене му рече на човекот со некаков прикриен пркос, - ова е мојата друга ќерка.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Секој момент очекувам да ме повика гласот на мама: Хри...с...тина, ќе се разлее во полутемнината.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Конечно, по две недели од патешествието во Рајнбек, таа ме повика во својот стан. На пијалок, рече.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Живееше во Кротон, во приземјето на една реставрирана викторијанска куќа, половина милја од станицата Хармон, од каде секое утро фаќаше воз за Менхетн одејќи на својата работа, уредник во Антропологија денес.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Што?“ прашав, чувствувајќи налет на радост зашто ти пак ме повика да дојдам на влезот со тебе.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Утредента ме повика од работа.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Сакаш ли чадор?“ Не сакав. Поројот се намалуваше.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Се занимавав со продажните цени и мислев на неа.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Истапив во дождот, кога ти повторно излезе и ме повика.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Здраво“, реков практично црцорејќи во слушалката.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Вечера. Мирна вечер пред теве.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Пред моето заминување од Париз, Ксавиер ме повика на сангриа: - Штета што си одиш.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Тој дојде во селото, ме повика во дворот, ме погали и ми рече: „Сега веќе, синко, си голем.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ХРИСТОВ: Што можам јас? Кој ме праша мене за нешто? Ме повикаа пак кај Иванов.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Најстариот меѓу нас, Симон Наконтик, дојде како од плеснива икона на која заборавен светописец ја раскажал Тајната вечера на апостолите и ме повика да седам до него крај огнот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Бевме научени на изварка, на суви пиперки, на кромид.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Негде рапаво и луто заревеа пци, го прогонеа ли голото попче - не знаев, сакав само да останам скриен и сам, тогаш Онисифор Проказник, пред да влезат в куќа, ме повикаа и јас се покажав од сенката со помиреност на крадец за кого судбината не предвидела засолниште во пресуден час.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но јас пред тоа ги видов домаќинката и девојката на мојата прва младост слеани една во друга на чардакот и се срамев што сум бессилен и заборавен зад кошот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Гамену, зошто ме повика и зошто дојдов во онаа ноќ со тебе?
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Минатата недела кај мене во дуќан дојде секретарот на Г- н Грекусис, да ме повика во конзулатот, бидејќи конзулот сакал да ме види лично и персонално.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Првин поранешниот министер во владата, врз малцинска основа, Мустафа С., му рече дискретно на Татко: Ме повика водачот на Републиката, пред некој ден, да ме праша дали познавам некого кој го владее старото турско писмо, арапската османица.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Еден ден Шефот ме повика и ми рече дека време е да го свртам листот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Го слушам - ме повикува - да го погребам, мајко, ме повикува - мршојади, мајко, да не го разнесат...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Но, во последен момент службеничката на шалтерот ме повика и ми рече дека, сепак, има уште едно слободно место во авионот.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
По неколку дена ме повика на ручек дома ѝ и со баба ѝ ме распрашуваа од каде сум, и како сум станал гробар.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Години пред да заминеме, твојот татко ме повика и ми се довери.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Кога насети оти смртта му е близу, ме повика и, кришум од сите, ми рече: „Во тебе, снао, имам повеќе доверба отколку во дру­ги­те в куќи.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Им реков дека ќе интервјуирам некој шизофрен ако можат да ми најдат некој што не бил под медикаменти.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Во Америка често ме повикуваат да правам клинички демонстрации со шизофренија.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
И уште нешто, побрза да додаде Лев Петрович: Кога некој мене би ме повикал да учествувам во донесувањето на конечна одлука, јас ќе се заземев за вашите раце, дарагаја Љуба.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
А до третата ноќ Тате можеби ќе биде тука на тремот сѐ дотогаш додека ние не бидеме веќе одамна подготвени за спиење, и тогаш ќе ја чујам Мама како го повикува да влезе, речиси исто така како кога мене понекогаш ме повикува од улицата.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Учителот Коста ме повика, во својата соба и ми рече дека сме многу далеку од дома и да не правам такви глупости другпат.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Низ големата врата влегоа двајца мажи, а зад нив, кривејќи сдеше млада жена со нагрдено лице.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Можеби памтењето намерно ме лаже не е исто да се доживее и да се раскаже можеби сонот е фатаморгана и сонувачот можеби оние кои ме повикаа морето да им го вратам барем со збор и не се веќе риби можеби се реслови од некој дамна свршен лов или од оргијата која претстои меѓу морските широчини на овој од себе заведен свет како и да е јас и понатаму времето го мерам со сонот нив ги препознавам во нешто сосем лично и се одвикнувам од животот.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
И тоа снежно зимско претпладне инстинктивно појдов назад, кон вратата, кога тој, не вртејќи се ме повика да седнам до него.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Кога Петар Бем ме повика утредента да дојдам на партија шах, ти ја држеше десната шака во левиот џеб на неговото палто.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Тој седна покрај огништето и со прст ме повика.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Да ме повикаше да се поздравиме, или да се разболеше од некоја неизлечива болест, па неговата смрт да личеше на нормалните.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
За ова веднаш потоа ѝ раскажав на Добрила а таа на шефот Кузе.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Тој ме повика и ме искара, зашто јас сум ѝ дала цела чашав вода да се напие.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
- А бе, оваа мама, што ѝ е нејзе, да не читала некоја литература за воспитување на деца?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Една вечер брат ми ме повика на консултација во неговата соба.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)