ме (зам.) - поздрави (гл.)

- Добар ден, - слушам како ме поздравува спокоен глас.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Срдечно ме поздравија, грачејќи во микрофоните, потоа ме поведоа кон невидливото, фалично пијанино, сокриено во најтемниот агол на кафулето.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ги гледав дотераните парижанки како поминуват по улиците, бистроата полни со луѓе, Сена чинам ме поздрави со сета своја убавина, во далечината истото го стори и Ајфелова кула... .
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Дури беа сега готови љубезно да ме поздрават.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тука беше и Х.Х. Свеж, одморен. Прв ме поздрави: - Добро спиевте?
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ќе ме поздравиш и ќе ме прашаш: „Како си? Убаво изгледаш... не си се променила“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ете, вчера поминува баба Зора и ме поздравува, а јас ја гледам убаво - Зора е, Зора ја гледам, па си реков, да дојдам да видиш, може некоја жичка пак се врзала, па барем на едното да ми се врати виделото“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Може тогаш и Атиџе ќе излезе да ме поздрави.”
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Албанците ќе ме поздрават, а Горачинов го нема.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе ме поздрават првин Албанците од ќелијата, па ќе се јави Михајло Горачинов. ,Пилето ми пее, рано на сабајле", се тешиме, се крепиме. ,Па и робовите се казнети да го сакаат животот, исто како и нивните господари," рече еднаш Апостол Макаровски. 34.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Со својот живот и дело ќе ја покаже и докаже тезата за повеќекратноста на идентитетот на индивидуален и колективен план, за меѓузависноста на идентитетските компоненти во нивното хармонично дејствување, како неодминлива вредности и победоносна противтежа на националистичките погубни пориви. Надежта постои...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Најпосле Сојузниот влезе во кабинетот. Срдечно ме поздрави и ми рече: Простете, ме бараа од Вашингтон.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Кога ме виде генералниот секретар како влегувам во кабинетот, откако срдечно ме поздрави, веднаш ми рече: - Какво добро ве носи во ова време во нашата Казба!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ме поздрави вадејќи ја од глава жолтата капа. - Мсје Раизе, зарем не знаеш што се случи? - започнав.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Секогаш оддалеку ме поздравува, секогаш прв ме поздравува.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Му верував на човекот но сакав да се покажам дека умеам да цртам.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Тој учтиво ја симна шапката како да ме поздравува и пак ми намигна.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
И ми се случи голема незгода.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Здраво, Марко“, ме поздрави така лежерно како да сме стари другари, „се надевам - нема да ме одбиеш.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Да не бев популарен немаше да ми пријде Анче од VIб.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
- Гледаш, а тој секогаш ме поздравува.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)