ме (зам.) - посоветува (гл.)

Да, жално е денес да се констатира, но во тој наш разговор Ѓурчин не беше спремен да ми помогне.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
" Мислам дека за тебе е најбитно да поверуваш во она што ќе ти го рече мајка ти", ме посоветува тој.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Затоа и не сум спремен да ја обвинам дури и под претпоставка дека таа од некои нејасни причини намерно го потхранувала сомнението што Огнена Гулева во купето во мое присуство го изрече.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А јас немав доволно храброст да ја присилам мајка ми да се исповеда пред сопствениот син.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ми рече дека тоа не е прашање за полицијата и ме посоветува да го побарам началникот на царинарницата.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тогаш еден пријател ме посоветува: - Мавни се од глувчешкото пријателство, зашто може да се случи, не ти нив, туку тие тебе сургун да те пратат и да не те вратат.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
„И сега, Дипен, што би ме посоветувале да преземам?“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Робот! Пластика или гума во облик на големоглаво чудовиште?
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Синиот пајак со златна глава ме посоветува од моите пазуви: Замолчи Пупи Паф, не преизвикувај ги, Своите сили за друго чувај ги.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Од една врата влеговме низ друга и веќе бевме во широка одаја, не премногу осветлена, но сепак достатно за да видам необично суштетсво, прилично слично на полип: огромна многуока глава, од која се протегаа долги пипала.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Синиот пајак со златна глава ме посоветува немо што да одговорам.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Сепак, ме откачија, но интересно беше кога лицето што ме дотурка до вратата ме посоветува: „Овој проект не ни се допаѓа.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Се обидуваше и мене да ме посоветува, да не си ја грешам душата, непотребно, со пишување атеистички текстови, зашто никогаш нема да се дознае дали има или нема Бог.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Треба да почнете да се подготвувате да ја издржите опсадата - ме посоветува тој.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Никогаш не купувај ја глупоста! – ме посоветуваа и од тогаш овој поттик не престанува да ме следи.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но затоа пак љубомората скусува барем десет години од животот! не се срамеше да ми префрли или да ме посоветува.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
-Знам, и мојот добар анѓел веројатно бил таму, покрај мене, за да ме посоветува.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Знам дека се шегуваш, ќе ѝ речев за да ја приземјам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се разбира, понекогаш ми се случува и да се посомневам во она што веќе сум го рекол.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Еднаш ова ѝ го кажав на мајка ми и таа ме посоветува и јас истото да го кажувам отсега натаму, кога ќе си купам нешто.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Сакаш? Нејќеш, - реков еднаш јас кога си купив сладолед.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Дада, пак, ме посоветува да пробам да бидам зрела и упорна за да се задржам како личност и да не ескивирам по секоја цена.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Го послушав и гласот на моето срце, онака како што ме посоветува Игбал.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Го прашав: - Срце, што сакаш повеќе? - И едното и другото подеднакво го сакам – ми одговори тоа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Уживај во сопствениот избор – ме посоветува тоа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Се разбира дека ме прекори, ме искара што сум била толку невнимателна и толку непромислена да отидам во третиот дел од паркот, и тоа доцна попладне, ми се закани дека своерачно ќе ми ја скрши главата ако тоа уште еднаш ми се повтори и ме посоветува, онака братски, малку да ја видоизменам приказната попладне, кога на состанокот ќе им ја раскажувам на нашите.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- А, со кого одиш? – го прашав Саше. - Со друштво.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- На пример, она за велосипедите, неизоставно треба да го скокнеш – рече тој – измисли некоја друга причина зошто сте се задржале во грмушките толку долго.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)