ме (зам.) - поучи (гл.)

Кого да молам, кој да ме поучи како да се живее без себеси?
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
На разделба, моите униформирани колеги ме поучија: - Како што гледаш, суштината на американскиот сон не е да добиеш работа - туку да дадеш отказ!
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Се барав себеси во утрешниот ден зашто судбината на коњот ме поучи? Тоа беше сѐ.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
„Уште сум аџамија, бегу ефенди. Ама, ќе ми простиш. Бериќатверсен, има кој да ме поучи.“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Еве, гледај ги ти кафулињата во нашиот трговски центар, па ќе забележиш, едни се сосема празни, додека другите се преполни.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Кога ќе се каже мода, не се мисли само на мода во облекување – ме поучи мајка ми – има мода во музиката, во однесувањето, во разонодувањето.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Дали во сите овие размисли согледував сличности помеѓу неговите постапки и однесувањето на Загорка Пеперутката што ќе ги откријам подоцна?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Краткото дружење со Самоников ме поучи дека тој ги употребува зборовите место надежта во она негово упорно приближување кон времето што претстои.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Отец Прокопиј многу, многу одамна ме поучи: Побрзо ќе заборавам кога пуштив брада, одошто да заборавам дека и во селоно зад ридон нашенци живееја.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Командир сега ми стана Василије Зариќ. Ме наговараше да станам каплар, ама Милан К. Димиќ од село Мириево, ме поучи да не примам чин.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се обидов и со билки, како што ме поучи Маса Кулумоска.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)