ме (зам.) - прекине (гл.)

- Дедо... – му се обратив на дедо, ама тој ме прекина, ставајќи прст на усните.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Сигурен сум дека во неговиот случај се работеше за голема утка – ме прекинува – човекот, како што ти реков, беше љубопитен, музикален, а на некои фактори на новата власт знаењето им се чинеше бурка...
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
- Тоа зборува ревизионизмот во вас! – ме прекина мигум А.А., гледајќи вознемирено кон Х.Х.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
- Во каков дуел? – ме прекина внесено А. А. - Во дуел за да се види кој е посилен, подобар.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
- За какви вредности на религијата зборувате? – ме прекина веднаш А.А. – Наведете само една!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ти „ѕвонеше“ упорно попладнево, јас слушнав и тука сум. Гледаш, разговараме.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Знам, знам – ме прекина Игбал, не треба тоа да ми го кажуваш. – Значи, бидејќи на моето „ѕвонење“ ти не „одговараше“, јас решив да бидам крај „телефонот“ и внимателно и стрпливо да чекам да ми се јавиш. И, ете, дочекав.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Црна, ме прекина Пенчо. - Ниедно бело влакно. Можеш ли? - Ќе видам, реков.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Можеби во таа непријатна работа вашата служба е заобиколена. - Да, да, да! – ме прекина неговиот глас.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И понатаму Грофот ја користеше тупаницата и бирото. – Со оној твој исказ алудираше значи на тоа: дека постои заговор или манипулации во врска со твојата личност. И вистински мислиш дека е така?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Така јас одлучив да продолжам, но предупредив; само ако не ме прекинуваат со глупави прашања.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ја видов и Маци како се качува врз масата и како почнува да јаде од чинијата на свекрва ми, ама ништо не реков.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Овојпат побрза од неа, ја тргнав раката и мачката само ме прострела со жолтите очи.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
По некое време реши да ми ги скрати маките и ме прекина: - Уморен сум, - ми рече, - те молам, не ме гњави со глупости.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Се разбудив по нешто повеќе од еден час од нервозните шепоти во ходникот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Чевлите... јас се извинувам... - се обидов да ѝ се извинам на тетка Олга, но таа ме прекина со едно гласно, - Глупости!
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Се обидов да му објаснам дека не било до тоа што ме гребнала и гризнала мачката, туку до тоа како се однесувала мајка му со мене, но тој само превртуваше со очите и одвреме-навреме ќе ме прекинеше да ме праша: - Добро, и што точно ти направи? Кога точно?
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Таквото непријатно чувство, верувам дека смеам да го наречам непријатно, и оној срам, што самите го спомнавте, всушност биле опомена од Севишниот дека го имате избрано грешниот пат, ме прекина Никола Леко, и покажа со прстот угоре.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)