ме (зам.) - препознае (гл.)

Си одбрав век за самување И самувам Меѓу немите јазици на каменот Што ме препознава, Што го препознавам.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Ауу, ме препозна, оди сега објасни тоа акушерството.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
1. Патувам и тоа е сѐ, Патем зборовите ги позлатувам И кон вечното се упатувам, Вечното да се спознае, Патувам - тоа е сѐ, Светот да ме препознае Со сета светлина во мене, Патамува и тоа е сѐ.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Ми претставуваше вистинско задоволство да бидам таму, да ме гледаат, да ме препознаваат.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Госпоѓата на шалтерот веднаш ме препозна.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
СЛИКА: ДЕДО МУ АВРАМ Ковчесто лице со испакнати јаболкца, изразито четвртаста вилица, поврзана со горната со еластични мускули, чиниш како отпосле да е додадена, така што при џваќањето му се спушта подолу од вообичаено, но тоа не се забележува од густата брада; забите прошарани со по некој златен заб, како што ги топел прстените и ги преселувал на нив; со нив прегризува сѐ што ќе му притреба: нокт, конец, или да отреши јазол; кога луѓето ќе му заблазнеа на златниот блесок на забите, ќе им речеше: „Кога по смртта ништо не ќе остане од мене, по нив ќе ме препознаете...“
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Полничка насмеана Албанка, кај која евтино го менував патентот, ме препозна и љубезно ме пропушти внатре.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Кога ми го чуја гласот ме препознаа, поцрвенаа, а потоа почнаа да ми мавтаат со рачињата гледајќи низ мене: како помодрува денот, како се скаменуваат боските на мајка ми и постапно како никнува трева меѓу моите коски.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
за кучето кое од мирно седење почнува да повраќа, за папагалот розела кој умираше од глад додека некој не му го потсече клунот, за моите болести и абортуси - за сето тоа бев надлежна јас, јас сум била тип жена сопруга, тој просто ме препознал во таа квалификациона група што ја предвидувала некоја научна студија за типови на жени...
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„А ако по нешто луѓето ме препознаат!“ „Ти гарантирам дека тоа нема да се случи.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Да не ставам пет лажици шеќер во чајот од нане и да не ме препознаваат како „петарда“ што пие шербет.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ќе ме препознаеш во гужвата и весело ќе ми мавташ со левата рака, држејќи некој друг со десната... а во твојата насмевка јасно ќе се чита прашањето: „Од каде ли ја познавам... и како ли се викаше?“
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Освен тоа, кој беше овој човек, што така ненадејно се појави тука, во улицата на дивите костени, токму кога семафорот покажа „слободен премин“, и непогрешливо ме препозна меѓу останатите минувачи?
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Кој ќе ме препознае во овој кафез Со уста на океан, со полици од коски Во кои се робува слободата?
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Кој сега ќе ме препознае Во овој кафез од зборови и метал Под кожата што е само моја? (Додека го пресликувам јазикот на ѕверот Додека тајно ја шетам болеста во ѕверот Додека си ѕидам сон крај ѕверот Додека го смислувам посланието до ѕверот Додека испраќам потера по ѕверот Додека склучувам сојуз со ѕверот Низ клучалката на книгата Ме читаат ѕверови, ѕверови, ѕверови.) Сега сум сам меѓу овие корици Во оваа архитектура од претпоставки За изворот на светлината Што ме допира откосо Во иследувањата на мостот Под кој тече Долго тече обидот Да се наслика нечија смрт. (Додека ламентирам во крвта на ѕверот Додека рикам со планината во ѕверот Додека го враќам светот крај ѕверот Додека го оставам аманетот до ѕверот Додека пекам пеколно по ѕверот Додека во крзно заспивам со ѕверот Низ клучалката на книгата Ме читаат ѕверови, ѕверови, ѕверови.) Кој ќе ме препознае во овој кафез Од зборови и метал, со реа на пресна Моч од животно што ја слави слободата?
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
И наеднаш не можеа да ме препознаат в болница.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Никогаш не знам што мисли и како ќе постапи.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Еднаш се однесува со мене како да сум му центар на светот, а еднаш како да не ме препознава.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Јас не требаше ни да очекувам да ме препознае...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Кога беше доволно близу, ме препозна и како рането животно, кое бега пред ловецот; брзо отползе назад...
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
По патот им кажував дека имаме доста овци, па ќе јадеме сирење и млеко, бевме желни за домашно јадење.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Овчарските кучиња не ме препознаа, дури ни шарпланинците што ни ги чуваа овците.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Имавме едно многу умно куче, Баљуш, тоа само ме препозна.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)