ме (зам.) - прибере (гл.)

Тато сакае да ме избрка оттаму, но баба Стеве, сестра на дедо ми Баџак, и дедо Роман, мажот ѝ, ме прибраа да седнам меѓу нив.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Него сѐ уште го немаше, па чичко Лозан со нетрпение постојано шеткаше де горе, де долу, а кога еден Германец се појави на влезот, тој ме прибра кон себе.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
И ќе се молам, цела ноќ ќе му се молам на господа, поскоро да ме прибере кај него, кај децата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Крцкањето и цивкањето на пружината, шепотот на Нанчо во кој навираше неговата страст или она женско Не, нее, не така... полекааа... од ноќ во ноќ сѐ побезобразно, сѐ поотворено, сѐ понападно, уште пред самиот да ми рече дека му пререкле од мензата дека треба да си заминам оти скришум ме ранел од таму, појдов до мојот вистински вујко, братот на мајка ми, кој во тоа време имаше навистина светла, просторна и убаво наместена одаја во една од зградите на Автокоманда со молба да ме прибере кај него додека дојдат моите од Војводина.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Затоа, морав да одмарам и да ги почекам да ме приберат на враќање.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кога Доста рече „да втасаме порано дома“ по целата снага трпки ѝ поминаа, па си помисли во себе: „Ех, сполајмити, бре боженце, оти и за мене имало „дома" да ме прибере.“
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ами сепак јас ќе ви го кажа и ако успеите да го кандисате, за вас ќе биде од голема корис, a јас пак ќе го симна товарот од мојот грб и мирно ќе си ода на почивка кога севишниот ќе ме прибере.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
ОЧИТЕ негови да ме приберат... И се смрамори...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)