ме (зам.) - приведе (гл.)

„Не си ми сосема јасен”, сакам да му речам и притоа веројатно се имам насмевнато.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Затоа и уследи онаа отровна забелешка: -Белки не мислиш дека можам да ти верувам оти пред продавницата си се нашол случајно и тоа токму во моментот кога девојката излегувала, и дека во тој момент ти се родила идејата да и пријдеш и да и го соопштиш големото откритие дека таа ти е сестра, или нешто сосема близу до тоа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ти не спаѓаш во исклучоците - се обиде неуморниот иследник уште еднаш да ме приведе во неговата замисла за случајот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сум ти кажувал ли како еднаш, во два по полноќ, ме приведоа во полициска станица?
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)