ме (зам.) - прогони (гл.)

Или додека ме прогонат (замисли - не како злосторник или никаквец туку како луд!) да ги исклештам своите крмначки заби и да се удавам в ракија?
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Мојата лоша внатрешност, сега надвор, ме прогонува.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Бојан, ме прогонуваат сликите од твоите последни денови…
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
И денес никој не знае дека самиот заминав; сите мислат дека ме прогонија.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Таа помисла е убиствена.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Затоа што ме прогонува мислата дека на некој начин јас ја убив!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Ме прогони како жена блудна, ненаситна, похотна, осамена. Ме грабнува во прегратка пламена неизбежно и со сила судна.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
А кога во ноќта како пред огледало минатото се слее во иднината беспоштедно ме прогонат во мракот двете будни очи на вистината.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Ме прогонеа? Ме демнеа згрчени под своите сенки? На мене се учеа да станат мачители? Да. И повеќе од тоа. Причина? Се плашеа од мене.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ме прогонеа по полутемните улици. Бегав под реката стража на замрежените светилки и не мислев на својот живот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Всушност, тоа можеше да се прочита по весниците, ме прогонеа, бараа трага на моја вина.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Почнаа да ме прогонуваат две чувства: првото, дека сѐ се случува премногу брзо и дека нема да можам да се сетам на сето тоа, а второто, дека нема да можам да го искажам она што го видов - сѐ беше премногу недопирливо и неодоливо.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)