ме (зам.) - пушти (гл.)

Наместо да ме пуштеа да се истуширам ко човек, тие тука ме замиваат.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
После објаснувањето дека од љубопитност сакам да видам како се забавуваат младите во Келн, домаќините ме пуштија да влезам, зашто инаку во овој ноќен вертеп можеше да се влезе само со влезница и со членска карта.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тој миг им позавидев на другарите дека летово небројница пати оделе на Вардар, а јас ниту еднаш не можев да ја смилостивам баба ми да ме пушти.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Со синовите и со ќерките мои и со жените мои се погодивме тие да ме пуштат да си отидам а јас, за вратка, да им го оставам имотот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Занесувајќи се во одењето, слаб или пијан, ни се доближи и без да нѐ погледне, замоли: - Ќе ме пуштите ли? Колку да се погреам.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Токму така: во тој миг, додека траеше доскокот, таа неочекувано ме прегрна околу вратот и одеднаш, дури, ни се допреа образите; веќе следниот миг таа ја сврте главата кон мене и погледите ни се судрија; се гледавме, нејзиното лице беше на една педа од моето; ѝ ги гледав носниците како ѝ се шират забрзано, како кај уморно коњче: и го чувствував здивот; таа гледаше во мене како да е понижена, како повторно да сака да каже: „Доби шанса, нели?“, како да е поразена, како од бес и самата да прави една безвредна блискост (тоа гушнување со рацете околу мојот врат), како да сака да каже дека блискоста ја дава таа, а не јас; дишеше забрзано, со јазикот ја квасеше долната, сува усна и одеднаш ми рече: „Слегов, можеш да ме пуштиш“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
По долго молчење испружи рака кон дворот и рече: - А од овој двор едни ме одведоа како дете и пред овој праг други ме пуштија како старец...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ама таму ми е местото. Затоа ќе се вратам таму.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Така ми велат докторите кога ги молам да ме пуштат. А сега им побегнав.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Само, се плашам дека нема да ме пуштат од овде, па би те молел да запишеш сѐ што ќе ти кажам и еден ден да го објавиш и да побараш правда за мене“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И така, така, ќе се премислат, ќе ме пуштат. - Ајде, оди си, ќе ми речат, ние пак ќе те побараме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И тогаш, татко ми врза шлаканица и ме пушти дома со плачење.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Прости ми, браче Мисајле, му велам после, откако ме пушти имелата, дали го извади забот, му велам. - Ене го, вели, и ми го покажува забот на подот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Го прашувам Јона дали ќе ме пушти. - Оди, што ме прашуваш, ми вели Јон, толку години поминав без тебе, па зар два дена да не можам, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Други раскажуваат. А ти го чекаш и го ловиш.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ме пушти оставајќи ја болката на прстите на моето месо.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Да ме пуштат малку да ти побуричкам по тиквата, ќе се сетеше дури и на кој ден си му ветил на господа свеќа што никогаш не си ја забуцал во негов шандан.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- И така, не знаејќи кој си и што си, си ја запалил куќата, повторно се замешал Гавруш Пребонд.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И морав премногу да размислувам за тоа што ќе работам кога ќе ме пуштат од затвор.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
И морав премногу да размислувам за тоа што ќе работам кога ќе ме пуштат од затвор.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ги замислував сите мои најблиски суштества, пријателите и сите оние што ги познавав, и постојано низ главата ми минуваше сè она за што со нив би сакал да зборувам (и си префрлував себеси зошто за тоа не зборував со нив додека бевме на слобода), но не само тоа: си замислував како се потам во купатилото, како се шетам по кејот, како спијам во постела облечен во својата пижама, како јадам бифтек во овој или оној ресторан, пијам коктел или се засладувам со торта со шлаг, печам пиле и подготвувам од него сос, притоа си потпивнувам бело вино и слушам секаква музика, лежам во тревата и се сончам, го пијам своето утринско кафе, ги посетувам галериите и кафеаните, гледам добри филмови и влегувам во ателјеата на своите пријатели...
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
„Ако ме пуштат мама и тато, секој ден да работам по 8 до 10 саати, тоа се 100 динари.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Кога ме пуштија од затворот еден ми дадоа за мене, за спомен.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Го замолив управникот на интернатот да ме пушти за неколку дена за да ве видам, но тој не ме пушта.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Пишете му, ве молам, измислете дека е нешто итно, важно, за да ме пушти.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Вашата чукната слугинка не сакаше да ме пушти.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Мене едвај ме пушчиле в село, па јас а барам поповата куќа. Дејди улаво, дејди!...
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Мислам дека е ова мое последно писмо, бидејќи раната ми заздраве и чекам да ме пуштат. Чекајте ме мили мои... Ваш син Наќо“.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
„Мораа да ме пуштат. И нив им беше смешно да ме сметаат за нишка од онаа илегална мрежа.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Патем ме сретоа Германците - продолжи да објаснува Трајче, - ме претресоа, ми ги истргнаа ушите и ме пуштија.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Ме сретна на мостот, ме претресоа, ми ги истргнаа ушите, ми удрија шлаканица и ме пуштија.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Лели јас тогај се ошумоглавив и Велко ме фати, та одвај ме пушти?“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Кога почна бојот со Италијанците, ме пуштија.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
По две години ме пуштија.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Мајка ти твоја е таа што не ме пушти!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
А таа не може да додржи веќе на ногата од што се препнува цело време...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Му се превртуваат орбитите...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Татко ми од собатане ме пушти да мрднам надвор, а мајка ми со триста чаеви ми го гори грлото; испробува секакви чаеви: од лица, од боз, од кантарија, од ланцура, од наѓезмо, од боливач.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Мислам дека јадам само кога ќе му се јаде нему, спијам само кога ќе ме пушти тоа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
7. Ја минавме границата и на другарите им кажувам дека во Битола не ме пуштија да си го видам детето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кај не отидов дури го најдов, вели, дури ме пуштија да го најдам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но тој веќе ме пуштил, а јас сега го држам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ме пуштија, а тој го отвори пликот, досието мое и почна да тревливи, да ги прекршува веѓите и да му се поткинуваат зборовите: марш, марш, марш!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Здодевно ми беше цел ден да молчам и да се плашам од деда Стефан па кога го чув така да рече, го замолив мене да ме пушти да одам да го кажам тоа што треба да му кажам на дедо попот.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Никаде не ме пушти на училиште и така ја затвори вратата на мојата иднина и ми ја реши судбината за некое време.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Јас им реков: Имаме тазе човек умрен, одам за душа да му дадам, и ме пуштија.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Татко ми вети дека ќе ме пушти.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ме гушкаше цврсто и нежно и никако да ме пушти од прегратките.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Јас се поткренав на прсти за да го стигнам и го бакнав неколку пати.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- А потоа ќе ме пуштиш, нели? - рече рибата.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- А потоа ќе ме пуштиш, нели? - пак праша рибата.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)