ме (зам.) - скрши (гл.)

И... и се почувствував неискажливо сам и тоа чувство, таа голема болка врз мене падна со тежина што тешко се поднесува, ме скрши.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Лудата марта, ветриште со кое уште еднаш се сретнувам во својот живот, удира во мојот мантил со боја на мувлив тутун и се обидува да ме крене, да ме скрши од стебло или од камен. Не може.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Требаше, веројатно, да останам на улица, татко ти сакаше да ме скрши докрај.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Имам жена што ќе ме скрши кога ќе се вратам дома.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Се плашам да ги отворам очите, зошто не ќе те видам, Се плашам да пуштам солза, зошто потоа не ќе ја сопрам, Кревка од болка се виткам пред ветрот во денот, Се плашам ќе ме скрши и снема.
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)