ме (зам.) - стигне (гл.)

Сторија едно чудо коњи, овци, друг имот, ама мене, со господа напред, никој веќе не можеше да ме стигне.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Со добрина гостев, со убост ме нагостија, не улев на Бога, не ме стигна ни улерата, Господ ме чуваше од сотоната, ангели ми шетаа по домата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Кој може да ме стигне во брканицата, или да ме пронајде каде сум во криенката.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
И сè по некои стрмолаци, по некои угорнини, земјата под нозете да ми се рони, по рабовите на некои карпи се лизгав со мов обраснати, над провалии да ти е страв да погледнеш, преку водје матни и надојдени да прескокам, а тој уште што не ме стигнал и подобро да ме стигне, си велам, ама при фаќањето ќе се занишаме, ќе паднеме, на душа ќе се земеме.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Знам дека казната ќе ме стигне.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
До него стоеше полничко девојче помало од мене, ама прилично височко, уште малку па да ме стигне.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Добровечер – реков и немав никакво сомнение дека човекот е таткото на мајка ми, дедо ми Баџак, кој тогаш, се разбира, уште не беше дедо.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Затоа не брзај за да стигнеш на време за да не се разминеш себеси... за мене да ме стигне твоето доцнење...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)