ме (зам.) - теши (гл.)

И ветив на мајка ми дека заедно ќе напишеме книга.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Единствено ме теши помислата што се сите заедно -Спиро, Јане, Ѓорѓи, Митре, Софка, Пане, Вангел и Ласа Скендерови.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
А што да направи тој, кутар, сепнувајќи се од сон среде ноќ на таква бесмислица, освен да ме теши не размислувајќи, да мрмори сони си, полжавче, само ти сони се, лошо сонче, како што јас тоа го правам со децата.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Но сите братски и другарски, ме тешеа. - Немој, Јоле, не биди таков! Што ти е гајле - таа е од дедо ти...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Таа вечер, кога се опив, ѝ раскажав на Ина сѐ за Луција; таа ми ја зеде главата во скутот и потем долго ме тешеше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Вечерта Филозофот ме тешеше во мојата одаја.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Лудвик гледаше во мене, во моите солзи, ги бришеше, и ме тешеше; замислете, господин судија, тој мене ме тешеше, наместо јас него; тој си одеше; немаше ништо пред себе, одеше во целосна неизвесност; ние пак се враќавме во својот сигурен и предвидлив свет.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но јас знаев дека ме теши, дека ме лаже; јас точно, секогаш во животот сум била свесна за своето тело, господине судија, за секоја негова маана или доблест.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но има еден прозорец зад кој знам дека дишеш, и тоа, гледаш, ме теши.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
ИЛИЈА: Се разбира дека ми е мака, кога моите сонародници си ја менуваат народноста, но пак ме теши тоа што не само меѓу народот македонски има такви, туку насекаде ги има такви како тебе — расипани души.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Мене ми паднаа ноктите од рацете и нозете. И едното уше. Докторот ме теши: ќе ти порастат...“
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
А во издишката цвет еден цути Со многу искри околу цутот (Велат Тоа се ѕвезди), Гнезда во скутот Со пилци разлетани и во него слетани Да ме тешат, да ме успокојат Пред да ме легнат, да ме упокојат.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Мојот фламбоајантен пријател Хорацио Цвикало (без средно име), кој секогаш во вистинско време ме теши со вистинска приказна.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Сепак, не би се осмелил оваа т.н. свечена популарност во комшилакот да ја означам како една од причините што анти(-)упатствата и натаму се множат без прекин.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Во секој случај ме теши сознанието дека нема дилеми и сомневања во однос на цврстиот заклучок во врска со она што не ми е по волја.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А можеби и помислил дека е во прашање некој мој каприц или попатна слабост па ми пријде за да ме теши.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Овде само моќта на писмото ме теши: не е човек та да не се сочува и да не биде во исто време на многу места.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Ме теши човекот, ми зема од болката моја.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кај да е ќе дојде, ме теши.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А комесарот, ѓубрето, цело време ме теши та ми вели - не се плаши, бре.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
МИХАЈЛО: Нема. Само едно ме теши. Среќа што фреските не ги уништуваат. Ќе останат под малтерот.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Имавме гости, снаа ми и брат ми, па тие ме тешеа: Што плачеш, ние не ѝ купивме и на постарата сестра Борка ништо, па и без тоа се може.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Јас почнав да врескам, жените почнаа да ме тешат дека мајка ми спие.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Брат ми сè уште ми води во градови и земји, ама ме теши тоа што е пет години постар од мене и што веројатно, како сум тргнала, наскоро ќе го стигнам и ќе се израмниме.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Нишав со главата недоверливо, слабо разбирав, малку ме тешеше сето тоа, мислев постојано на Мила и не сакав да ја загубам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Игбал трпеливо ми раскажуваше уште многу нешта за нивното сфаќање на животот и на смртта, и јас му завидував што верува во тоа и што е толку мирен и смирен.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Голем тркач е тој, постојано нешто прави, некаде оди, некои успеси постигнува, и мене што друго ми преостанува освен да се вклучам во трката?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)