ме (зам.) - укори (гл.)

Мојот претпоставен ме укори и ми нареди да те казнам. И јас ќе те казнам.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Неколкупати ме укори, но не беше налутен. Напротив, беше насмеан.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но Даскалов не пропушти да ме укори: „Ајде, не плачи!“ Не, не грешам!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ако умрам и го оставам цвеќето, си велев, Господ ќе ме укори, ќе ме прекори, ќе ме пизмат и темјанот и ангелите.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)