ме (зам.) - успокои (гл.)

А во издишката цвет еден цути Со многу искри околу цутот (Велат Тоа се ѕвезди), Гнезда во скутот Со пилци разлетани и во него слетани Да ме тешат, да ме успокојат Пред да ме легнат, да ме упокојат.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Може по патот се задржале, - зборуваше тетка Рајна со несигурен растреперен глас и јас сфаќав дека и таа не е во состојба да ме успокои.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Оваа мисла ме успокои.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Беше убаво тоа чувство – да се има нешто свое, сосема свое што со никого не мора, а и не треба, да се дели.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Се обидов да го разуверам. Спомнував некои од моите негативни искуства како резултати на избрзани решенија.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Сепак, не разбравте, – веројатно настојуваше да ме успокои Иван – за мене во прв план е училиштето.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А патем, некои прашања сами од себеси можеби ќе се решаваат.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Значи, да повторам, мене воопшто не ме успокои онаа порака на брат ми дека сè е под контрола туку оној можеби намерно испуштен дел од обраќањето, понижувачкото "малечок" или она уште погрдо "бате" што тој го придодаваше на секоја наредба што ќе ја упатеше кон мене!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
На станување ги погали децата: и Капинка и Здравка и Ѕвездана ги погали, им прошета со прстите по косата и тргна, - Е, да си жив и здрав, му велам, малку ме успокои.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)