ме (зам.) - учи (гл.)

Но, на македонскиот идентитет треба уште многу да се работи. - зборуваше баба ми како политичар, дури на моменти беше малку смешна ама добро ме учеше.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
За кого? За вакви кокошкари! И пак тоа копиле мене да ме учи!...
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ќе си живеам сам и како што умов ќе ме учи...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Но, зарем не ме учеа и дека личноста е како езерската вода, која штом ќе се заграби, се разбива на многу капки, на мноштво води, од кои секоја самостојно истечува, заминува од допирот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Цар Александар као дете му вика на персијскиот цар: „Ти не си вреден мен да ме учиш. Многу си далеку“.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Му вика: „Царе, ти што ми праќаше кутијте и клопотарките за да се занимавам по улиците со децта, јас ќи дојдам сосе војска да те видам теб, а не идам ти да ме учиш, не си поспособен да ме учиш!“ И царо вика: „Ех, то детто, тоа мисле да ме бие мен. Добро!“
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Клетвата: „Бел ден да не видите“ е добронамерна зашто за „онаа работа“ ноќта е создадена од Бога (така мене ме учеше мајка ми).
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Оние што ме учеа како се заплетува ги испратив, не се меѓу живите, па секој 1 мај „излетувам“ со корпа покриена со бела навезена крпа, без чергиче, врз мермер.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
За шоферлукот и таксизмот Откако положив од прва, по земени 100 часови „вожња“, со укажување дека дозволата ми е дадена ептен за потреба, а не од чепат, знаев исто како да ме учел - никој!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Некогаш, како што ме учи татко ми, мора да покажеш заби.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Проклет да бидам, што можев јас кога имав таков бесрамен дедо и ме учеше сѐ некои такви страшни, срамни работи.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Се најде кој ука да ми дава како се варди пламенчето на коренот или пак знаеш што значи некој само еднаш да ти бркни во тебе и да те остави со тежина за цел живот а тој да ја цапа дуњата заборавајќи дека некаде го запалил пламенчето на нов живот и ти велам не туку ломоти не ми кажувај како треба да ги довардам знам јас како се вардат оти угол сама го довардив тој што ги оплодил овие семчиња заминувај си од мојот сон остави ме да се соземам утре ќе ми треба многу сила сега си нашол да ме учиш што и како кога пред мене си само сенка!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
7.3 Ме крштеваа во бунило Низ суров воздух ме шетаа Ме учеа на живот Со молитва на зајдисонце.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
КОСТАДИН: Кучиња чорбаџиски!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Тоа не треба ти да ме учиш! Само да знаеш, мојава фурна не е болница!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Нека ми е уѓе: на таква глава таков брич, што го вели тој збор татко, ем ак има што го вели, чунки сѐ што ме учеше и ми велеше, сѐ по глава ме удри.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
- Види го ти него! Ме учи како да постапувам. Советник на послабиот пол!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Редот треба да се знае, разбираш?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Другарот Кузе направи идолопоклонички чекор накај Василопулос и со очи на исплашено куче објасни.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Ти немој мене да ме учиш што е стрниште! - строго ѝ подвикна Кузе.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Крстовица со наведната глава оди пред Кузе и, кога влегоа во канцеларијата на управникот командант на Прењес, таа застана до вратата и со уплав во очите гледа во чолакот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Па што ме учиш?
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Потоа месото го зготвив исто како што ме учеше свекрва ми: со кромид, потоа со повеќе бибер и сол, ловоров лист и конечно чаша бело вино.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
4. Ме учат сега да одам кај бабицата во Желево.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сепак, на 18-годишна возраст го напуштив Универзитетот по две години студии, не верувајќи во ништо што ме учеа.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Марија ме учеше кога бев нипја, а Софија кога преминав во првото одделение.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Првин, постар е од мене, потоа професор ми бил, ме учел.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
МАТЕЈ: Кога ќе седнев дома со кренати нозе татко ми ме учеше „Немој, не си в кафеана“. Кога ќе седнев така в кафеана, велеше „Немој, не си дома”.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Ме учите дека минатото не постои, дека иднината е отворена.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Веќе нема кој да ме учи за нозете, сега заглавив поради општата хигиена.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Кога влегов во шестата година баба ми почна да ме учи да плетам чорапи, прво плетев за себе, се разбира, со нејзино покажување.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)