ме (зам.) - фати (гл.)

Тогаш, еден од кољачите, не знам со каква капа на главата беше, го забриша крвавиот меч со своите бечви, ми пристапи, ме фати под рака и ме трга на страна.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Сакав да ги исечам ноктите но ме фати страв за плафонот на катот под мене. Истрчав од бањата немочан.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Всушност, на платното немаше ништо друго освен кругот и потписот, но авторот беше многу љубезен и несебично одвои време да ми ги воочи горенаведените подробности, а тие беа толку очевидни, што ме фати срам поради моите глупави и излишни прашања.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Кога се освестил, го прашувале за сѐ и за сенешто, а тој занесено и преплашено раскажувал како да бил потонат во некој сон: - Ме фатија некои одзади, ме стиснаа со шамија за устава, очиве и повеќе не знам ништо.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Потскокнав со подзината уста, но чичко Лозан ме фати за рака и ме припи кон себе.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ме фати и ме сврте.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Чичко Лозан го одбра местото што беше поблиску до вратата и ме фати за рака за да седнам до него.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Коле ме фати под рака и ми шепна: - Денеска војниците ќе го крават авионот.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Наставникот по фискултура објави дека ќе има натпревари.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Откако се пријавив ме фати некаков чуден страв - или подобро да речам - некаква возбуда при помислата: Што ќе биде ако другарите ми се смеат...
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Бев многу среќна кога тој ќе ме бркаше мене.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Одеднаш ми дојде и јас да се пријавам за нешто, па без да размислам се пријавив за трчање на 60 метри.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Подзастанував за да ме фати и да ме повлече за плетенки.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Се сеќавам, една пријателка на моја пријателка, многу одамна, го откачи дечкото оставајќи му кратка порака во стих: „Цело време ми го читаше Ниче, а ниеднаш не ме фати за пиче!
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Додека да се свртам, ме фатил полициски час.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ем да бегам да не ме фати ем цело време да ми сака оваа душа грешна моја да ме здобави, зашто ми се чини оти како во снагата негова, мене никаде на друго место на овој свет подобро не може да ми биде.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Станавме; тој ме фати за рака; но одеднаш, се случи нешто чудно: мене рацете сами ми тргнаа кон неговото лице, и веќе во следниот миг јас го гушкав и го прегрнував.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во тој миг Фисот го грабна мојот есеј, го искина на парчиња, и потем ми се доближи; ме фати за коса и ми го турна клопчето хартија во устата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Кога го осветли со свеќата, Филозофот отстапи чекор назад, ме фати за раката и рече: внимавај, да не ја допреш пајажината, да не се заплеткаш во неа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И ден-денес се сеќавам на сѐ: на мирисот на нејзиното црно трико, во кое изгледаше величествено; се сеќавам дека трикото беше отворено токму кај стомакот, и јас за првпат во животот го видов папокот на Луција, нешто што потем ме прогонуваше цел живот и ми раѓаше сосема чудни и не сосем јасни телесни желби; се сеќавам на мирисот на нејзината коса, фатена во опашка што ѝ паѓаше речиси до половината (мирисаше на цимет), коса што додека ја поткревав ме галеше по лицето; се сеќавам и на полуиспотените раце со кои ме фати околу вратот кога доскокнуваше, што беше сосема непотребно движење од нејзина страна.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Неочекувано скокна, и пред да се снајдам, ме фати за коси.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
‌Од непосакуваниот публицитет околу мојот предмет ме фати голем срам, од низа причини.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
-Се преплашив, мислев дека ме повлече некоја сила, ме фати за нозете, цврсто стегајќи ме, ме влечеше надолу, надолу – објаснуваше со возбуда Еразмо.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
И не знам зошто, ама некоја грутка ми го стегна грлото, градите ми се скаменија од јад и некоја мака, некој голем с`клет ме фати по тие наши пусти и крвави планини...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тогаш ме фати страв.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Понекогаш, стравувам минувачите да не ме откријат, да не ме фатат и да не ме струполат пред муцката на некоја мачка, гладна и назабена.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
- Ох! Пак ме фати дремка! - му се обраќа Ана на Љубовникот - Сакаш шампањско? Да поиграме танго?
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Не е дека јас не мом да го нам ѓоно, ама сега инает ме фати!
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
По малку автобусот излезе на “Партизанска” а јас бев задлабочен во проучувањето на плиткоста на смешно свежите лица на наспаните патници кога некој ме фати од назад за рамо и по малку пред мене, недозволено блиску стоеше другарот што ме “всели” во станот. 74 okno.mk “Добар?
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Легната на кревет со неколку доктори и сестри околу себе во една приватна болница одгледав краткометражен филм со мене и моите црева во главна улога, како кратка реклама за колагенска крема и чај од нане на голем плазма телевизор... додека не ме фати анестезијата.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Знам дека ќе дојдам и јас на ред, па дури и пауза да ме фати не трае колку лутина на грчки цариник кој може по сопствен избор, а и расположение на жената му од претходната ноќ, да штрајкува во следните 24 часа, за да ѝ докаже на цуцата дека, незадоволен, не може да задоволува работни обврски ни тој.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
и се враќаме пак назад, по истата трага со лазење и го наоѓаме Бугаринот кај што го оставивме, можевме и да го отепаме, ама ај, си велиш човек е, може тој ќе те носи ако те ранат, и што да правиме сега со тебе, му велиме, што ќе кажеме за тебе, а тој - вие сте ми мајка, вие - татко, ако ме кажете ќе ме стрелаат и нѐ моли, ни ја пика главата под колена, се митка ко живинче, се уплашив, вели, ама да не кажеш ти, му велиме, не, вели, уплашениот е секогаш уплашен, ме фати голем страв, вели, ме сопна и не можев да се помрднам, и го целива ножот, се колне и после фативме двајца Грци и тие ни кажаа дека ќе нѐ удрат два полка, еден грчки, и еден англиски, и ноќта зедовме наоколу сѐ миниравме, ископај чиневме дупка и наполни ја со дробен камен, со чакал, и среде камењата ќе врзиме по пет бомби во китка, со тел, сите дупки ги врзавме со една жица и кога наближија војниците, ги дрпнавме мините,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Одам со нив, ме фатило јанѕа. Едни одат пред мене, други зад мене, одиме по месечината.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ко перде, ко имела да ме фати.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Вечерта, во мрачкото, ме фати за рака и ме одведе на меана.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Мене ми беше смешно тоа и еднаш капетан Мирковиќ ме фати на смеење.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А јас, сега, се прашувам, така во умот се прашувам, дали не ме фатила крвта од ножот на Јона.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Срцето ми дошло в грло како да ме фатил зарек, како да сум почудена.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе ме фати некоја жал да го оставам. Мислам дека некое насолзено око гледа по мене, вели, и чинам ај, пак врати се.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Си го прегазил потокот и си го сретнал.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со благост ме фати за мишка, можеби сакаше со допир да ми докаже.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ме фатија многу подоцна, во оние облачни дни што мирисаат на презреани праски, на плод од еден редок јапонски нектарин.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тогаш некој ме фати за коса и ме сврте.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Леле, ќе ме фати! - ја држеше чашата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Судбината замеша прсти, ме фати во расчекор, се разминавме.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
„Те сакам ваков,” ми рече. „Те сакам облеан во студена пот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Двајцата од џипот ме фатија за раменици и ме свлечкаа во една импровизирана соба, во аголот на хангарот, направена од лесонит, без прозорци.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Во мигот кога пивото сè уште исфрлаше облаче свежина низ елипсастиот отвор, Ема ми ја зеде лименката, ме фати за косата на тилот, ми ја повлече главата наназад и пивото почна да ми го истура првин по челото, потоа по образите и надолу, по вратот и по градите.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
И откако видов дека те нема и откако дознав дека живееш со други жени, ме фати силна жал и јад и со денови и ноќи плачев, и во силната омраза кон тебе што досега ти останав верна додека ти си го тераш ќејфот, во бес и очај, решив и јас да ѝ дадам одишка на душата.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Како што гледаш комедија, а највесело во таа комедија е тоа што пак ме фати наследноста.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тој рече: Јас сум всушност хомосексуалец. И ме фати за рака.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
„Ме чу. А сакаш да знаеш не квичам ли јас, не ли ме фатила твојата клетва да станам пес.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
„Тие мене одамна ме фатија“, рече О'Брајан со блага, речиси покајничка иронија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Нека остане меѓу нас, бате, мене ми е мило што ме фатија пред да забраздам уште подлабоко.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Јас, наведната ја полнам стомната, а некој ме фати за рака.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
ЉУБА: Виновна сум што не ме фати.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Друг пат специјално заради вас ќе гледам да ме фати.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Токо ме фати умот: дај да а собера ваа в'ничката, да не се пилат глувци во неа и да ми се смеат витолшките како на Пилови снаи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
БОЖАНА: Со него...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Ми зачука, тука ми заигра... Цела вечер сон не ме фати. Мајка, и таа вели, тоа е...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Кога веќе ме фати распрашувачки занес Да допрашам дали само непријателите секогаш смрдат И дали народ кој нема непријатели е осамен народ Па попусто му доаѓа што се конти пред огледало и мириса на ливанто?
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Тука сакав да го прашам да не имаат и влакно од мечка за бас-гитара, ама ме фати уплав да не ми каже дека имаат.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Понекогаш, кога ќе ме фати меланхолија, паркирам покрај океанот и поминувам некое време ѕверејќи се во таа бескрајна површина, во сите тие сурфери, галеби, фоки, делфини, алги, школки, ајкули...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Се сврте кон нас и, охрабрена од нешто, продолжи: – Пред да го сторам, со вас, првиот чекор кон визбата, мене како да ме фати јанѕа.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ако скокнам долу ќе се убијам или стражарот ќе ме фати!
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Ете лели со инаетлак татко ми ме фати, чекај да ме види што маж сум јас.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Лели јас тогај се ошумоглавив и Велко ме фати, та одвај ме пушти?“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Утре, дај Боже здравје, одење в град и назад нема да се вратам од овие тешки лакрдии што ми ги рече стариот, да знам оти за вистина клетвата негова ќе ме фати; пиле да се сторам, бело море и црно да прелетам, ама уште еднаш при татка не дојдувам.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Јас што дојдов овде, штрк, не оти сакав да бидам штрк, ами клетвата од татка и од мајка ме фати, што не ги слушав како врапчињата Сиве и Чуле.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Арно, сега салам поверував оти клетвата од татка и од мајка фаќала, чунки еве мене кај ме фати.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
- Не обѕирнувај се - ме фати за рамото Величковски.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
МАЛИОТ: Извини Курта, ме фати музата, затоа!
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Ме фатија на брзина, ме бутнаа. Немам ништо со ова.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
За да летне! (и за да запише ново анти-упатство).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Клетва ли ме фатила што не можам да се соберам.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
А мене како да ме фати бес.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А од таму о Билишча о од Билишча со камион пак ме донекое туа... Ету, така јаска ојду до нашчо место...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Поцрнат од бој и за срамотилаци вопнат. Му дале рицинус да пие.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Се помоли јаска, а цела бе замрзната.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И по п’то ме фати виулица, снег, мислиш, фрла некој со шепи. А таму, на Стените, бој се биеше.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Сигурно се беа прибрале дома...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Слушам ситен лесен чекор... лизгање... тоа е таа! ветар!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Анамската рака се искачуваше врз фасадата околу прозорците...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ми се приспиваше!... Само што ме фати дремка... ја слушам вратата како се подотвара...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Пак ме фати криза горе, одвратна мачнина!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Пак ме фати проливот...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Секој си имаше парченце меѓу куќите, роткви, салати и дури патлиџани... и лозје!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Пак се заеба јаребице моја?...“
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Имаа што да раскажуваат...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Татко ми ме фати за рака и ме внесе во другата соба.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
А еден ден кога минував по патот ме фати одненадеж чуварот и ме однесе кај претседателот на задругата.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Готова бев да се карам и да почнам да викам дека јас не ја згазнав мачката, туку дека таа прво ме гризна, па што сака нека е со мене и со Дино и со киријата и со станот, но во тој миг влета Дино со шпиритус и со завои и ме фати за рака да седнеме на каучот да ми помогне да ја исчистам раната.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Изутрината истата Маци си лежеше во скутот на свекрва ми и си предеше.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Пушти рака и ме фати, се престраши човекот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И тогаш уште поголем страв ме фати.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Скарана сум со тоа, што се вели, уште на првото ќе ме фатат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А ако ме фатат може сѐ да кажам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе ме драсне некогаш, а јас мислам дека среќата со гола рака ме фатила за лице, за срце.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе ме фатат жените под мишка и ќе ме држат над пареата, ми кушаат. Неколку дена така.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ме фати некој за врат и ми го скина фустанот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Да ме фатеа на албанска граница, вели, не ќе беше ништо...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дојдовме до една врата, ја отвори и ме турна внатре. Ме фати вака за рамена и ме затвори.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И Наталија наеднаш ќе ме фати, ќе ме запре.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ме фатил некој срам и не ме остава.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На враќање, ќе ме фати вака Оливера и ќе ми се обеси на рамо.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ме фати ноќ и затоа, велам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И тогаш дали од нишањето, од тресењето, ми се повратила малку свеста и ме фатиле кај што пеам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Давај, девушка, прихади сјуда!75 Ме фатија за рака и ме истргаа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јас ќе се фатам за него, а тој ќе ме фати за раце и си пее: „Колку години и да минат, првата љубов не се заборава“. Некоја шпанска песна.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А и мене нешто ме уплаши, нивниот страв ме фати.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се загубив во шумата и ме фатија...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На сета мака згора, ме фати и кашлица.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ме фати страв и избегав.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сега од никаде никој нема да ме фати, да ме подземе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ако ме фатат не ми бега куршумот. Дезертер, ќе речат.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Леле, каков страв ме фати!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Оставете ме без работа два дена и ќе ме фати паника.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
- И моите не се ништо послаби, - му дофрлив јас гордо, веќе готов да му рипнам на пубертетлијата кој од сите најмногу ме нервираше, кога Абраш ме фати со неочекувано силен стисок на раката, ме повлече кон себе и предложи: - Немој, кога ти велам.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Јас тукушто ја завршив домашната по м атематика и си ја облекував „фудбалерската маичка“, зашто пред зградата ме чекаа другарите од тимот, кога таа се бувна во мојата соба, ме фати за рамена и ме седна на креветот.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- На дедо, тој, голмиот внук, - се разнежи тој и ме фати за рака.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Со овој мој татко понекогаш многу полесно се разбирам, одошто со мама, - си помислив, замолувајќи го да остане малку со мене додека да ме фати првиот сон.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Кога виде таа што сум направила, почна да ми вика зошто сум го расипала подот и ме збркна околу куќи, но не можеше да ме фати.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Но кога ќе се појавеше и друга работа, шиеше или предеше, па ќе речеше: Уф, колку ме фати дремка и ќе заспиеше.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Потоа имавме другарска вечер, игравме и пеевме.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Се сеќавам, пред Свети Сава ме фати треска, и едно време не одев на училиште, но учителот им рекол на децата: Милица како знае нека дојде. (Кога дојдоа Србите ме прекрстија од Милка во Милица, но дома сè уште ме викаа Милка или Мила).
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
И тие што ме подготвуваа ми кажаа дека сè убаво било изведено а тие претходно се плашеле да не ме фати трема.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
„Ами ако ме фатат? Ќе ми судат игуменот и манастирот, и од тоа спас ми нема“, рече Петре. „Котелот не ми гине“.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Сакав тоа да му го кажам, ама ме фати страв да не ми ја фрли онаа “атомска бомба” и да ме усмрти, и се воздржав.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И штом се сетив на тој период, на април без нив, ме фати, како и секогаш, гадна лутина.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не ми се зборуваше веќе со неа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Со едната рака нежно ме фати за лицето, а со другата брцна во џебот, извади нешто оттаму и ми го залепи на челото меѓу двете веѓи.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Мене ме фати мала несвестица, Игбал го забележа тоа, па ми рече да седнам на килимот, да се соземам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Само кога ми кажа некако ме фати смеа, па го подбуцнував велејќи му дека го фатиле моите клетви.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Зар да сум натажен, зар очај да ме фати што негде замина и може не ќе се врати?
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)