ме (зам.) - фрли (гл.)

Минато На д-р Миле Врчаковски Утрово еден црн, еден безмилосен ветер, со крвави заби, со крвјосани очи, со окрвавена кошула по рабовите, ги разотвори прозорците, ги расфрла книгите, ме повлече за раце и ме фрли во оваа безобличност и пустош...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Некогашните и современите писатели стануваат наредени под знамињата на своите нации, татковината на Монтењ станува против татковината на Кант, па затоа е сосем природно што еден француски студент, запрашан за препородот на националното чувство, ќе напише: „Истрезнет од занесот во кој ме фрли веќе првото читање на германските и словенските писатели, сфатив дека сето тоа е мошне убаво, но дека тоа не сум јас.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Судбината на овој брег ме фрли за да ѝ служам на Преблагословената Владичица наша, Присна Дева Марија.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ме одби мене за свој дом, не ме настани во Него, и не се зарадува срцето мое во Господа; и Господ ме остави од денот кога дојде мојот душогубник, оној кој конечно ме фрли во страдање и несреќа: Филозофот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но мојата непресметливост пак ме фрли во морето на животот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Нека ми ги пресече рацеве и в огин нека ме фрли, му реков, ако не го исполнам тоа што го кажав, му реков.”
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Проклета да бидеш што кога си ме родила по вода не си ме фрлила!... (заклучени рацете ги крши прстите).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Оф, со виделото да си загинев... а не - вака ослепен да ме влечкаат по патиштат... за да ме фрлат пред Царот наш - победен...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Да ме фрлеше тогаш во вода ќе се удавев.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Ме кренаа дури и на раце, и ме фрлија трипати во воздух.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Кога се бориме, со два прста може да ме фрли далеку, а за кревање во воздух - да не зборуваме.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Но мојата непресметаност пак ме фрли во морето на животот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Со уште многу мои сестри ме донесоа од книговезницата и ме фрлија врз подот во една книжарница.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Дјаволите това гледаха и чкртаха со зуби, сакаха да ме земат от руки ангелски и да ме фрлат на дно у мука вечна.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)