ме (зам.) - за (предл.)

Ме видел да се чешам под мишките и еве го: Ај, глави ме за слуга, вели, да те поштам од вошки, да те чешам од болви.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не прашувај ме за него, велам, и почнува да ми се потфаќа јазикот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Бог беше секогаш честив и праведен Неговиот збор никогаш заведен За никакво зло не беше набеден И така сѐ до денес кога мојот Бог ми рече: „Те молам никогаш не сметај ме за демагог“ 1997
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
И се струполуваат врз своите сенки во најстрашни маки: од ноздрите им капе лилава крв, очите прскаат како костени на огниште.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А ти не прашувај ме за молепствија - чумата ги коси и игумените и дијаците. Да.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не прашувај ме за нешто потешко, вели.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Навистина, си изгледам буденброковски во сивото, сомотско куќно палто на татко ми, готов да го отпочнам разоткривањето на возбудливите моменти од семејната хроника, поткрепени со пожолтените фотографии, преполнети полици на библиотеката, заладеното вино во посребрените чаши: Убиството на прадедото Хаџи-Васков, прикажано во вечерашнава верзија со посебен нагласок на величествениот предсмртен гест кон атентаторот, - „Нека ти е простум, синко, ни самиот не знаеш што правиш“, ја тера Ева III, да ме стисне за рацете, а штом минувам на единствената љубовна приказна за Ѓорѓи, непокорниот син на Прокопија и српската учителка, мојата ноќна посетителка, сѐ уште цврсто држејќи ме за рацете, клекнува пред фотелјата и оддолу, ги впива секој збор во ширум отворените очи.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
- Спиеш ли? - ми потшепнува чичко Лозан, пофаќајќи ме за нога. - Не.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)