мене (зам.) - излезе (гл.)

Штом излегов од пивницата чув зад себе некое свиркање и се зачудив, се свртев, а пред мене излезе она старче со големиот земјен сад со пиво.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И еден ден, месецот не го паметам, тоа беше 1949 година, таму каде што ги пасев овците, на Присојо, близу границата, пред мене излезе татко.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Не бев ни забележала дека веднаш по мене излегле двете машки деца од братот на Вера и со чудење и нејасно за нив сочувство гледаа во мене.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Наеднаш пред мене излезе од под стеблото некакво животно.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Пред мене излезе и рекламата во една туристичка агенција, која нуди зимски одмор во Крањска Гора и на Бохињ во нашата земја.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)