мене (зам.) - трча (гл.)

Тој, натема го, во сите шие... по мене трчала и јатрва ми Уља, ама јас не сум ја видела.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јас викам, а пред мене трчаат само празни чевли и ногавици.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Овардз, - ми рече детето.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
По мене трча Оливера Поточка, одвај го поткрева мевот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Одеднаш, како што тоа обично се случува во соништата, нозете ми откажуваат.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тешките чекори се сѐ почести, и непознатиот зад мене трча. Тој ме гони.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тогаш видов дека од далеку кон мене трча камила.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)