мене (зам.) - никој (зам.)

Јас не сум свештеник, вели Максим. Мене никој не ме ракоположил за да бидам свештеник.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сите ќе гледаат во нив, мене никој не ќе погледат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Аха, си помисли Трајко, — оддалеку почна да посега бегот“, но се направи да не разбра дека и него го вика.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сакам да кажам, мене никој не ми даваше во раце штотуку родени бебиња и ми дозволуваше на нив да ги вршам моите чудовишни експерименти. okno.mk | Margina #15-16 [1995] 125
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Од друга страна, во Фектори имаше и маса „нормално” настроени луѓе, што се однесува до сексот.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Педерите едноставно беа поинтересни и затоа привлекуваа внимание.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Јас знам дека не сум умрен, ама ако тој го рашири тој глас тогаш мене никој нема да ми верува, сите овие видувања, овие сознанија ќе останат несоопштени, луѓето незадоволени со одговор на прашањата за кои тие мислат дека нема одговор.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ми се жалеше и велеше: "Па, во суштина мене никој не ме води како пациент, јас сум си сам на себеси лекар, а тоа е најлошо".
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Јас бев на филмски фестивал, а кутрата моја мајка мора да слуша некаква глупава „Сто и една приказна“ и да си легнува во осум часот. Ужас!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Мајка ми не сфаќа дека немам ништо за облекување и дека мојата гардероба е нешто најкатастрофално на светот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Во моето детство беше еден часот по полноќ и мене никој не ми велеше да си легнам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И сите произлегуваат од иста причина: мене никој жив не ме сфаќа и не ме разбира.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Сите чекаат некого, мене никој не ме чека.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Од мене никој не ќе направи песнопоец!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Иако и јас, како наш Кочко почнав да си го прочистувам грлото со зборовите што ме измачуваат.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се ми се причинува дека дури откако ќе изречам на сет глас некој збор, дека дури тогаш можам и вистински да оценам дали е оној вистинскиот што точно ми ја отсликува мислата!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
МАТЕЈ: Јас имам време да остарам. БОРИС: Ни мене никој не ме прашуваше.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Јас сум сам. Мене ништо не ми треба. Мене никој не ми треба.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
„Ме слушаш? Роза, Марие и мене никој нема потреба да нѐ види.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ама Паулина има потреба да биде со ќерка си.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Мислев за мене никој не знае дека сум сираче, посебно не учителите.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)