мене (зам.) - сѐ (зам.)

Се прикажавме и тој, како сега јас што го прекинувам, ме прекина и ми вели: „Слушај Трајче! Не ми кажувај мене сѐ што имаш да ми кажеш оти да не те поткажам ако ме потиснат“, ми вели.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Чувствував дека околку мене сѐ се намалува.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Во згрбавеноста бев желка што ќе продолжи да лази кон својата цел дури иако ја носи на својата коскена кора земјата со сите планини и реки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ѕидот на многуте стебла се оддалечуваше, ѝ бегаше на мојата врела жажда додека околу мене сѐ стануваше метеж во кој тешко можеше да се оддели небото од земјата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се работи за грешка (за мене сѐ уште непојмлива), од страна на издавачот „Независна музичка работилница - Трот рекордс“ кој успеа, наместо композицијата што посебно ја изработив за оваа цел, да стави концертна матрица за истата песна иако таа веќе беше уредно префрлена на посебен ДАТ (од страна на издавачот) и беше повеќе пати емитувана на 103. Margina #21 [1995] | okno.mk 83
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Проблемот станува дотолку побизарен, што конфликтот има шанси да прерасне во судски спор, се разбира доколку не се најде некаков компромисен договор.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
За сиве овие години Ѓорче беше за мене сѐ: и мој животен идеал и совест човечка и самата Македонија.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
А мене сѐ уште ме штитат присвоените зборови, поговорки, изреки и мудрости на Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
- Види мрави да не влегле во маштеницата, викам, од мравите побрзо ќе зоврие, ќе се скисели, викам, мрави, викам, мрави, мрави, од секаде мрави: во очите, под кожата, во маштеницата, види во маштеницата, викам, а Јон ми се одѕива, не слуша, а ми се одѕива, а мене сѐ ме боли и ме онеспособува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)