ми (зам.) - удри (гл.)

Таа го врати назад. Јас му велам на стопанот: – Колку сме должни за трите изедени слатки?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Со газдата на дуќанот не се бакнавме, ама не ми удри ни „сиктер“ клоца дека му доцнам само три месеци со наемнина, ама има разбирање за мојата финансиска положба, а и јас за тоа што не беше срдечен со мене, а и незгодно е, многу ми е ачик дуќанот, па ќе види некој, па од несвидлак ќе ни извади муабет... па после, бруки и срамои!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Да ми удрија шлаканица, да ме караа, полесно ќе ми беше.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Трудна си, ќерко?“ „Трудна, оче. Ама тој топал тепеѓоз, подобро анџар да ми удреше.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Којзнае како изгледав затоа што тој ми удри една шлаканица за да се смирам, а во тој момент влезе мајка му, со Маци во рацете.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Тогаш мене ми удри крв во главата. – Враќај го – велам – назад!
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Дигна ли рака на мене, само една шлаканица да ми удриш, знај оти таа декика си ода кај браќа ми, а ти т'чи си а главата со децата како знајш, — му рече Доста на Илка кога навистина еден ден по една голема Митрина тужба Илко ѝ подвикна и нарипа и тој да го последува брата си Стоја — да ја удри Доста.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се исплашив за куќата... Ми удри крвта во главата и чкрапнав...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)