ми (зам.) - на (предл.)

– Животните, кога им се ближи смртта – рекол тогаш Чанга – ја бараат темнината. – Не ја знам причината – се сеќава татко ми на својот одговор – но човек кога му се ближи смртта, бара светлина, уште зрачец, небаре за да понесе светлина во темнината, во смртта! – Зошто ли е така? – бил упорен Чанга.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Така, како дојде татко ми на помислата дека Чанга со козите се наоѓа во Калето, не беше тешко да се открие.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ние, децата во нашето семејство, кога одеше татко ми на работа, сѐ почесто го пуштавме радиото со надеж први да ја дознаеме веста за уништувањето на козите и тогаш први нешто да сториме.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Животот на татко ми на Балканот се поклопуваше точно со три четвртини од дваесеттиот век.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Татко ми на радиото во облик на паун, на кратките бранови, ја бараше својата радиостаница.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Како не чув што ѝ рече свеска ми на жена ми.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
- А ти мислиш дека човеков е сега дојден, - ми вели таа мене ставајќи ми на знаење дека роговите сум си ги имал на главата цело време додека поради верност сум се воздржувал да згрешам со оваа жена која со толкава љубов ми се подава.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
- Молчи сестро- ѝ вели жена ми на сестра си.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Меси нешто и прати ми на меана.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Отпатува во Прилеп кај тетка ми и тетин ми на „годишен одмор“. Ќе остане месец, може и два...
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Кога брат ми на светот му го соопштувал ова свое сфаќање како апсолутна вистина, не се сетил на мојата болка од она попладне кога тој имаше тринаесет, а јас седум години, онаа болка и оној страв предизвикани од погледот на разликите на нашите тела, од помислата на раснењето и делењето со детството, од претчувството дека мојот живот и неговиот живот нема да продолжат заедно и ќе чекорат одвоено кон смртта; го заборавил тоа попладне и тагата и стравот што потекнаа од него и што како сенка паѓаа врз мене претворајќи се во некоја друга тага, во некој друг страв, влевајќи се во некои други таги и стравови.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Заборави; и на раснењето на сите девојчиња, на процесот што го нарекуваше „станување жена“, му додели само едно својство – зависта.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- Натема ми на душа, мајче, ако било така. И тој арамија имаше нож.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Знам, си одел со камили. На тој пат си се обидел да приколеш во некој ан патник, чинам призренски латин.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не знам дали тоа ќе се случи денес или многу подоцна, тоа го знае само Севишниот, но кога и да се случи, мило мое, прочитај го ова што ти го оставам како единствено наследство што можеш да го имаш од мене и пристапи ми на судниот ден како дете кое за прв пат се соочува со животот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Сакам да го знам тоа, да го предупредам, зашто и ние имаме свои искуства, и нашата работа има свои правила што би можел да му ги кажам нему, на мојот наследник кој засега сè уште е непознат и кој си игра со другите како волк во јагнешка кожа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Додека сестра ми на сина си, моето кумче, веднаш му купи лоз, јас сега главно се занимавам со тоа што со часови си го напрегам мозокот, размислувајќи кој од оваа генерација, која, еве расте, ќе тргне по моите стапки, кој од овие бесни, убави деца што ги изнародија браќа ми и сестри ми, ќе биде црната овца на следната генерација?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Слетај ми на дланка, му се обратив на утот, пак со мисла.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Сакам да те видам, да ти станам пријател.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Испаѓа дека почесто гледам негови филмови отколку што се гледам со сестра ми на скајп.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Една ноќ, помеѓу два сона, го заварив татко ми на триножец крај прозорчето. Или беше привид?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„Nevada“, во следната секунда, покажуваше 18:40:15. бројките на рускиот часовник беа големи, светли врз темна основа,па во склоп со металниот ремен, изгледаа некако стабилно.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Така, на пример, ми станува јасно дека: - менувам долна облека со различно темпо: гаќите по два пати на ден, маиците еднаш неделно - подзаборавам некои француски фрази што некогаш солидно ги употребував, па наместо „trois heures moins quart“ велам „deux heures quarantecinque“ - бричењето наутро ми се одолжува на 40 до 45 минути - минатиот понеделник едноставно ми попречи постоењето на борот (засаден во дворот од татко ми на денот на мојата мала матура, пред цели 30 години) и морав да го дадам да се исече, зошто одеднаш паднатите иглички почнаа да ми ги затнуваат одводите за вода на покривот - не можам да догледам 60 насто од театарските претстави и 80 насто од филмовите, а опседнат сум од хорор сцените на ТВ екранот, во кои што ѕиркам до доцна во полноќ со глава пикната под дланките.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
„Татко ми, кога ја водеше во Солун баба ми на доктор, секогаш лирите ги криеше под поставата или долу, во панталоните, на најнезгодното место, да простиш.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Понекогаш ми се случуваше да ја чујам како слегува по скалите и како вратата ќе крцне кога ќе влезе во готвачницата каде што спиевме јас и моите двајца помали браќа на постелата зад вратата и дедо ми и баба ми на другата постела, спроти вратата.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Штом нѐ здогледа, мајка ми на половина ја прекина реченицата што ја изговараше: - Уште не спиете? - праша изненадено.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Гледаш како лошо влијаеш врз децата? - ѝ се налути татко ми на мама.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Нив ги лекува татко ми на Уролошката клиника.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
А татко ми рече: А бре имам добиток, зимата ако се оддолжи, треба храна да се купи, мораме да имаме резерва пари, а стрина ми на тоа: Ако е за тоа, ние сме преку дваесет души, ќе заштедиме на храната, неколку дена поскромно јадење и ќе ѝ купиш палто на Милка.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Нему изгледа му е неопходно да си пронајде виновник, кој било да е, само тој да не е, па бидејќи мајка ми му е најблиску до него, таа е тој вечниот виновник.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Дека татко ми на тој начин сака самиот да си олесни.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)