ми (зам.) - постојано (прил.)

Мајка ми постојано се врткаше околу последните зрна заклучени во ковчегот под скалата, прибираше од оние што сѐ уште не мувлосале и шепотеше налутено колнејќи ги „желкарите“ и „ камаратине“.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Грижите ни се прилепуваат уште со првите пелени“...
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Мајка ми постојано реагираше со зборовите: – Само да нема војна, само да нема војна!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Мајка ми постојано велеше: „Не се родило такво шилеже што ќе тргне кон пасиштето ослободено од сите грижи.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но одеднаш, од некаде, како светлосен бран, ме заплиснува најчудната помисла. (Зборувам за нешто што беше повеќе од помисла, повеќе од вообразување).
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)