му (зам.) - занесе (гл.)

— И си замина долу долно мало за да му занесе абер вечер на брат му Колета и Јована Ѓуров и да им занесе леб. иако немаше доволно ни за него.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Попот се откажа и од ќерка си Бисера што го прибра Крлета и еднаш, кога таа отиде да го види, да му ги земе алиштата за перење и да му занесе едно грне кисело млеко, толку го налути кога му рече в очи оти тој е крив, а не Крсте, — го грабна од полицата грнето, и го удри од глава и ја истурка низ врата со полна уста клетви: — Еве откаде дуел ветерот шо ми го подветрил детето, да даде господ нека срдешница да а вати!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Толе поседе во Прилеп четири пет дена. Му занесе на Горѓија четири пет тави дебело бравско месо, но не го пуштија да се види со него.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)