му (зам.) - капе (гл.)

Сладоледот се топеше и му капеше на мантијата а нему му беше срам јавно да лиже.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
И пред луѓето што го гледале тоа да се изначудат, да речат дека што го гледале тоа да се изначудат, да речат дека Питу Гули го научил да пие вино или дека имале заеднички сон, ист и во исто време, коњот полека ја кренал главата од бочвата и додека од коњските усни му капело вино, се свртил и, пак со галоп како што дошол, и се предал на темницата, бил ноќ во ноќта.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Само уште крвта му капеше озгора, од дрвото.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Од румената, влажна муцка му капеше густа пена.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
После некои пеат и плачат. Устата ја отворил да пее, а во неа му капат солзи. 140
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Го погледнав љубопитно, не многу пријателски; не сакав да му кажам дека медот му капе оп белата кошула.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)