му (зам.) - користи (гл.)

Беше гледал како шумарот понекогаш ја полнеше или празнеше својата пушка, па се трудеше да се присети на сите негови движења, на сѐ што можеше да му користи.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Божем близнаци кои не знаат кој кому му користи и особено кој кого го лаже.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Точно пред година дена, се сеќава Мертен, во центарлната команда самиот Фирер ги собра првите луѓе на рајхот и иднината на грчките Евреи беше определена, особено судбината на големата еврејска заедница на Солун.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тој исто така открил дека мескалинот може да му користи на уметничкиот сензибилитет, особено со повишеното естетско доживување на музиката и визуелната уметничка форма.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Таа едната нема да му користи, таа е со чаталче на горниот крај како да е некоја ластегарка, а не патерица, ама другата е како за оваа работа направена.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Спомнатиот “Ди Информацион“ напишал: “Динамитниот атентат во Солун ќе се пресретне со еднодушна осуда во целиот културен свет и повеќе ќе му наштети отколку што ќе му користи на ослободувањето на Македонија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Зашто нема ни ситница што не би му користела а камо ли во случајот кога тој го бараше котелецот од којшто би почнал да го отплетува а потоа и плете чорапот со нова мерка и нов дизајн.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Кому може да му користи тоа што двајца агенти на Гестапо во централната зградата на еврејската општина го влечат до тоалетот, заменикот на главниот рабин Хаим Хабиб, оној сериозен и скромен човек, кој да не беше Евреин, ќе беше уште и симпатичен – и како тоа да не е доволно, го исмејуваат и над Тората го тераат да одговара на нивните потсмешливи прашања за законот „заб за заб, око за око”, додека еден офицер на улица запрел некаков рабин, го однесол дома и му ја избричил половината од брадата и така го пуштил да излезе на улицата...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)