му (зам.) - личи (гл.)

Долета како што му личи на орел, Со грмежи што јачеа во шумата Со кисела пот во вратот, Со пена во клунот, Со крв на ноктите.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Ама па на овошје, дека органско, и му личи да е расипано. А на шмизла?
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Само гората пееше некаква монотона песна која на Толета му личеше на тажна тажба од илјадници ожалостени мајки и сестри што ги оплакуваат своите несреќни рожби и браќа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Додека едни викаат, други трчаат кон отворените телепринтери, јавуваат, добиваат информации, се продава, се нуди, со еден збор - сето тоа на неупатениот му личи на некоја бркотница.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Наредните денови по доаѓањето, Богдан започна да ја средува куќата, да ја чисти, да го брише правот и пајажината, да ги брише црнилата на прозорците за да влезе светлина, да ја осветли мрачноста внатре; го истружи подот и им го врати на штиците изгубениот изглед и сјај; ги вароса ѕидовите на собата и внесе свеж здив; го измачка со малтер ѕидот кај водарникот што го изела влагата; ги ископа оние влажни, позеленети флеки на некои места на ѕидовите што не ги покриваше и обелуваше варта и кои му личеа и го потсетуваа на земјата што ја врвел и повторно ги малтериса и вароса; ја подмачка вратата да не чкрипат резињата, ги дотера прозорците да се отвораат и затвораат; ги поправи федерите на креветот да не пропаѓаат.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Тој толку очигледно сам себеси се лаже и тоа нему му е толку убедливо што му личи на природна состојба што поинаква не може да биде.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
И токму кога стана најинтересно, ете ти го него: Денис Хупер, во придружба на две постари госпоѓи, како што и му личи на годините.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Најпосле нашол некој младич кој по сѐ му личел на ангел: бил личен, убав и со чиста душа. И го зел за модел.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ова некому може да му личи на анегдота. Но мене – воопшто не!
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Но, како што веќе кажав, во периодот кога мислите ме напаѓаат, речиси оглупавувам.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Сѐ му личело нему што ќе направел.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Висар, кога му беше здодевно често се загледуваше во цвеќињата и во главата му навираа чудни мисли: цветчињата навистина му личеа на детски главчиња како што велеше учителот: имаа очи, уста, нос; тоа можеше најдобро да го забележи при гледање од одредена далечина, од одредено растојание: поблизу или подалеку, тоа не можеше да се уочи.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Доце Срменков го гледал како ја влече по себе двоколката со торби, кожи и черги и се здржувал да не се прекрсти: човекот со крвави крпи на челото и со белег на сувото лице ќе му личел и со епитрафил на безбожник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Наеднаш гласот му станал памучен и топол, скоро приспивен во помирливоста, и тој можел со својот јазик со кој минал преку испукнатоста на горната усна да го собере сиот пелин и јад од човечките срца во едно чинослужење од кое водовриките стануваат златножитни рамнини.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И токму кога сакав да го прашам Абрам каде и кога ќе разговараме насамо, забележав дека Мечка, божем случајно, му ја подметна ногата на Влатко-Цвик, кого што ние понекогаш го викаме и Окомен, а нему тоа му се допаѓа, зашто му личи на Супермен.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
На фискултура претпоследен се редам. По мене е само Дракче.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ама Дракче има ниски родители и му личи.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
- Зошто сум низок? Тато е висок. И мама е висока. А јас?
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Кожата на лицето и снагата му беше ишарана со пишанки, бенки, та Богуле често се слекуваше пред огледало да ги гледа, зашто (онака како што му беа групирани по градите) му личеа на соѕвездијата: бик, овен, голема и мала мечка, ралник, пирустија, стрелец и други соѕвездија што ги учеше во училиште.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)