му (зам.) - напише (гл.)

Во поканата му напишал: „Ви испраќам два билета - за Вас и за Вашиот пријател, доколку го имате“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
По ова Маркос му напиша на највисокото партиско раководство: „Зачувувањето на создадената регуларна армија што ја формиравме за да го отстраниме монархофашизмот, како што е одредено со партиските одлуки, го сакаме тоа или не, ќе нѐ принудат да се држиме на духот на одбраната и да се залепиме за одредени непријателски позиции, со што ќе биде спречена решителната партизанска активност со сите последици... нашите одреди да водат борби со непријателот таму каде нам ни одговара, а не таму каде тоа ќе го посака непријателот...“
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сега ми се враќа сликата како плачев над листот на кој му напишав колку ми е жал што ме повреди и ме натера да го напуштам иако толку многу го засакав. Ѝ се јавив на сестра ми за совет.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Отец Симеон седна на подот и му напиша на брата си писмо со мастило, крв и ракија. „Брати Јоване.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Знаеше секој за што се расправа, та често кога ќе му пристапеше на масата и ќе го поздравеше, Фонче и да не ја кренеше главата, го знаеше по гласот кој е и што мака има, што треба да му напише: молба или жалба.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Точно така му напишав. А тој не собра сили да признае.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Еве во врска со тоа што му напишал на Јаворов: “Го разурнавме кај Ангиста железничкиот мост и тунелот блиску до него.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Седнавме и му напишавме. На англиски, со помош на речник, а одвреме-навреме ја прашувавме и Роза за по некој збор.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Потоа нејзините се вратија од некаде и мајка ѝ влезе во собата: - Мила, - рече - привршувајте со играта, треба да вежбаш клавир.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
ЉУБА: Сега веднаш ќе ѝ кажам. (Излегува.) МЕШАЕВ ВТОРИ: И бидејќи му напишав дека ќе допатувам со вечерниот брз воз, од неговиот одговор заклучив, дека приемот кај госпоѓа Опојашина е вечерва.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
И сега додека се исправаше од своето легло, Змејко мислеше дека би можел да му напише барем тоа, дека е добро.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Што и да му напишеа за девојката, тоа ќе значеше дека сериозно ја сфатиле таа работа.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Со тие пари, иако наспроти својата волја, испрати телеграма до Хелвиг: „Хелвиг, итно јави се“ - му напиша во телеграмата.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Да му напише на Хелвиг едно строго писмо.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
И таа ќе му напише кусо, со два три збора како тој: „Ги примивме парите. Ти благодарам. Добри сме.“ И ништо повеќе.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Тоа го надополнува и Бејли, член на СОЕ, во писмото од 28 март 1941 година, кој бил во Белград, а потоа во Цариград, кој вели: „цврсто сум уверен со акцијата што непосредно му претходеше на државниот удар; можеби други управувале, но нужните претходни услови за тоа ги создаде наголемо СОЕ во Белград, работејќи на тоа во минатите шест месеци“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Черчил, од своја страна, му дал упатство на генералот, сер Хастингс Исмаил, штабен офицер кај Претседателот на владата, да му напише на Далтон, дека „е големо задоволство што грижливата и трпелива работа на вашите луѓе е богато наградена“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Потоа јас бев безобзирна и му напишав многу лоши работи.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Ми се налути затоа што од него побарав нешто за што не разбрав дека не е подготвен да го направи, а мојата балканска душа веруваше дека тоа во најмала рака ќе го расположи, ако веќе не го израдува.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Му напишав уште дека еднаш во месецот ќе му праќам нова облека и храна, а ако ми испрати стари пљачки, ќе ги перам и ќе му ги враќам.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Кога побегнав од неговото одајче и од очите на луѓето за да ја родам мојата Пела, му напишав големо писмо дека не можам да го чекам со мојот голем срам, да не се надева дека ќе ме најде кога ќе го ослободат, ама додека е там и плаќа за мене, јас нема да го заборавам, храна и пљачки ќе има еднаш во месецот.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
За сѐ што сум одлучила му напишав писмо.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
За ова би требало прво да поднесете молба во канцеларијата; таа би стигнала до шефот на одделението, до началникот на одделението, потоа би била предадена на секретарот, а секретарот веќе би ми ја доставил мене...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Акакиј Акакиевич навреме ја беше почувствувал задолжителната бојазливост, малку се збуни и, како што можеше, колку што му дозволуваше слободата на јазикот, разјасни, со уште почесто додавање на зборчето „онака“ отколку другипати, дека шинелот бил сосема нов, и дека сега е ограбен на најнечовечен начин, и дека му се обраќа нему, за да се заложи на некој начин онака, да му напише на господинот полициски врховен началник или на некој друг и да го пронајде шинелот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)