му (зам.) - одземе (гл.)

Но секое сакаше да му одземе од животниот простор на другото.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Тоа му одзеде дваесетина минути.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
А сето висело само на една тенка врвка и како да го чекало оној ден да се урне. Колку многу може да му одземе на човека само еден ден.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И Селман брадатиот, татко му кому му пратил поздрав, без веќе да жали, бидејки за крвта на брата си беше го фатил, — глава му одзел на Али.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Со истата казна ќе се казни и тој што заради одмазда за дадениот исказ на лицето повикано како сведок или нему блиско лице ќе му одземе некое право, ќе го малтретира или телесно ќе го повреди.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Марко не учествува во битката на Косово, но не му ни помогна на Лазара, дури и му одзеде некои територии.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но секое сакаше да му одземе од животниот простор на другото.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Тој што со закана дека ќе напад- не врз животот или телото или имот од поголем обем, со нудење поткуп, со попречување или на друг начин влијае некое лице да се појави или да не се појави како сведок во постапка пред суд или во управна постапка, или ако е повикано како сведок да даде или да не даде исказ во определена смисла – ќе се казни со затвор од една до три години.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)