му (зам.) - подари (гл.)

Имено, овој род на американската војска сите објекти, бродови, авиони и статисти бесплатно им ги даде на филмаџиите, okno.mk | Margina #11-12 [1994] 105 но, од друга страна, филмот толку го изгради имиџот на пилотите што години потоа школите на воздухопловството беа буквално претрупани со кандидатури!
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Друг пример е Форд, кој на Спилберг му подари неколку свои теренски возила, за неговите диносауруси слатко да ги изгазат во паркот Јура!
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Најновиот пример на “tei-in” може да се види во филмот на Алмодавар “Кика”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
А потоа ме молеше да напишам граматика на говорниот ми јазик, што требаше да му ја испратам во Виена, а некои грчишта и Албанци од околните места на отечеството, подбуцнати од други, несправедливо го наклеветија дека украл книги, а вистината е дека неколку наши соотечественици на драго срце му подарија неколку книги...
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Казна или благослов, Божја волја била, живот да му подари, сите поклон да му чинат, со светот да господари.
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
Малку по малку, должностите почна да ги извршува нередовно; а посебно кога во разговор со управникот или со главната сестра требаше да каже нешто за каков било предмет, кога ќе осетеше дека на дотичниот предмет и самиот треба да му подари некаква изјава, буквално ќе се скршеше.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Таму некаде ќе си легнеме сами, зашто ние на животот му подаривме само нешто свое, а на смртта - сѐ... ***
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Од денес натаму, о, Кавафис, престануваат да значат што и да е лажните сознанија за некаква си света должност кон татковината а без себеси, зашто вистина е дека на животот му подаривме само нешто свое а на смртта - сѐ! ***
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Време е, само, да се прашам зошто на својот живот му подарив само нешто свое - а на смртта сѐ...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Едно утро кога отидов да го посетам му залепив три цветчиња на зидот и му подарив мало глувче.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Негов идеал беше да го пречека гостинот и да му подари фотографија со трн, а за возврат да добие нешто во вид на писменце, предмет, порака, мисла, потпис.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
А оние што му подаруваат имот на манастирот, им кажуваат на калуѓерите од кое место се, каде се наоѓа нивата или ливадата што ја подаруваат и колку е голема.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Како мајка која си ги сака сите свои деца, а сепак, од причина за која само таа знае, со посебна нежност кон едно од нив, таа секогаш го издвојуваше тоа прво лубениче за да му подари поголемо количество приврзаност.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Му подарив нешто, за мене многу скапоцено. Му го подарив мојот свет. Свет кој беше недопрен. Затоа што многу го сакам.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Оние пак кои веруваа дека записот е во врска со царот Јудејски, Соломон, поделени на две војски беа: некои записот го сврзуваа со богоугодниот, а некои со развратниот дел од животот на пресветлиот Соломон, оти, кажано е за него, во книгата Сирахова: „Соломон се зацари во мирни дни, зашто Бог од сите страни мир му подари, за да изгради дом на името Негово и да подигне светилиште вечно.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Беа дојденци, иноземници и натрапници што му подаруваат на зелениот континент младост, покорни жени и здрави деца, истпориски разјадувани во многуте крводелци во минатото, да сфатат полека дека се сега во едно стојбиште.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
„Стојно мори Стојне“, и реков „тебе животот навистина ти пресудил да донесуваш лоши проценки и да правиш погрешни чекори.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А да знаеш, уште пред да се случи настанот, писмото веќе било предадено на секретарот Домазетовски а потоа не знам на кој начин тој и го беше вратил, или искинал, или намерно загубил, бидејќи преку ноќ, иако и секретаријатот го беше прочитал, писмото го снема, при што, ценам, слична услуга со убава ноќ, каква што мене ми беше пружена, веројатно Стојна му подарила и на секретарот Домазетовски.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Беше навистина еден на еден. Мал, мал ама техничар, Давид го плесна со каменот од прачката Голијата средчело, сѐ се заврши мигум, Давид мигум фрли поглед кон скришната ѕвезда на небото и додека сите вџашени се прашуваа до прачката ли е, до каменот ли е, до раката ли е, мрзоволно киниса накај дома, како што денешнава младеж пред полноќ мрзоволно се качува на последниот автобус за приградската населба.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Ја остави прачката во долапот, како да потпевна прачка имам камен немам, па ја бакна мајка си в чело и цел ден и цела ноќ попусто чекаше да му подари солза радосница.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)