му (зам.) - посака (гл.)

А, бре, ич, бре ич не му посака!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Сепак, ти ми должиш“, вели гостинот, „но и овој пат ќе ти попуштам!“
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Откако австриските цариници речиси му го испарталија пасошот гледајќи ја визата, обидувајќи се гласно и точно да му го изговорат името, и речиси половина час проверуваа нешто пред со широка насмевка да му го вратат и да му посакаат добар пат, повеќе немаше граници.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Летка му посака добредојде разиграно вклопувајќи го својот задник во неговиот скут.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Инаку немаше да ја крене чашката за да се чукнат и да му посака многу здравје.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И ќе ја фати татковата рака и ќе му посака среќа со своите крилја, подвиени и подготвени, тука на работ од бездната.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)