му (зам.) - припаѓа (гл.)

Правни начела се: чесно да се живее, никому да не му се наштети, секому да му се даде она што му припаѓа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ако работникот не може да ја врши работата поради виша сила, има право на половина од платата, на која инаку би имал право, ако би работел.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Извршување врз парично побарување кое, по сметка кај банка, му припаѓа на физичко или 225 правно лице – се спроведува така што, со налог за извршување, и се наложува на банката паричниот износ за кој е издаден ваков налог да го исплати на сметката на извршителот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
10.  Како средства на извршување заради остварување на парично побарување се користат следниве законски инструменти на присил- на наплата: продажба на подвижни предмети [res mobiles], продажба на недвижности [res immobiles], продажба на хартии од вредност и удели во трговски друштва, пренос на парично побарување, прет­ ворање во пари на други имотни права и пренос на средства што се водат на сметката кај носител на платен промет – согласно со прописите за платен промет (чл. 23, ЗИ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Доколку работникот во тој период не примал плата, му припаѓа надомест во висина на најниската плата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ако со овој закон или друг закон поинаку не е одредено, на работникот му припаѓа надоместок на платата во висина од неговата просечна 183 плата од последните 12 месеца.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Бандажираниот пенис од една негова фотографија му припаѓа на моделот Хајнц Цибулка, кој исто така никогаш не го ампутирал својот пенис.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Процесите што се одвиваат во и со нејзиното тело се одвиваат во светот на физичкото, а процесите што се одвиваат во духот на таа личност, му припаѓаат на менталниот свет.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Иронијата беше во тоа што тоа се случуваше низ фокусот на еден гинеколошки инструмент, низ еден научен поглед кој му припаѓа на медицинскиот дискурс.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Според тоа, една личност го æивее æивотот низ две напоредни истории (два света), од кои едната се состои од она што се случува во и со нејзиното тело, а другата се состои од она што се случува во нејзиниот дух.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Проститутката отелотворува еден парадокс, таа воедно е и роба и продавач на робата, на границата меѓу соодветното (таа е човечка женка) и несоодветното (таа е курва) како што и „примитивецот“, дивјакот, е на границата на човечкото (тој му припаѓа на човечкиот род но не е баш сосема човек).
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Сите ние што во тој момент бевме во The Kitchen и го избравме стоењето во ред во очекување на ‘театарскиот миг’ кога на местото каде што е цервиксот името на уметноста ќе се поклопи со името на порнографијата, го доживеавме тоа преклопување на сцената на телото на проститутката.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тој никогаш не го ампутирал својот пенис.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Вообичаено е оваа „разделеност“ на два света да се определува така што сето она што му припаѓа на физичкиот свет, вклучувајќи го тука и сопственото тело, се определува како надворешна состојба, додека она што му припаѓа на менталниот свет се определува како внатрешна 42 okno.mk состојба.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Телото на прости­тутката како и телото на „примитивецот“ се објекти на модернистичка фасцинација.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Другата наративна линија му припаѓа на гласот на Симоновата жена Агна, чии размислувања/белешки стануваат своевидни одговори на неговите писма/извештаи кои истовремено можат да бидат и исповед и приповед, и дневнички белешки, и самиот ракопис на делото.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Централниот наратив му припаѓа на педесетгодишниот Симон Поцо, писателот кој се враќа во своето родно село Маказар со намера да напише хроника, „повест“, посветена на сопственото семејство и на селото од каде што потекнува.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ми беше драг тој свет, на некој начин му припаѓав, та нели бев маказарска снаа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Едновремено се слушаше песната Килао ное, што Шабтај ја разбираше како да се пее на ладино: „Нему – велеше песната – нему му припаѓа честа и славата“.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во филмот Mario banana (1964) пак, кој исто така му припаѓа на тој ран период, Марио Монтез, впечатливо нашминкан, сензуално јаде банана алудирајќи на фелацио; ова е уште една верзија на Eat, со додавање на сексуална конотација.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
(...) Велветите живееја во стан на Третата улица во Вест Вилиџ.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Како што видовме, раните Ворхолови филмови, кога не зборуваме за самиот избор на објектот, се исклучиво денота­тивни.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Станот му припаѓаше наа Том О Хорган, но тој му го издал на Стенли Амос, кој пак живееше само во задниот дел, (предниот и задниот дел беа споени со полутајни врати), но сиот Томов мебел беше сè уште внатре.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Големиот персонален компјутер, ТВ-то, видеото и дури фотоапаратот - тие се како контактни леќи, како проѕирни протези, кои се така интегрирани со телото, што му припаѓаат скоро генетски, како пејс-мејкер’.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Маргина 35 49 Hildegard Brenner “УМЕТНОСТА И ПОЛИТИКАТА” енциклопедиска одредница На националсоцијализмот му припаѓа сомнителната заслуга: тој ја осозна социјалната активност на “уметноста” и направи единствен обид во историјата на модерното раководење со државата, подрачјето на уметноста техно-владеачки да го искористи, односно да го употреби за сопствени цели.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Но правото што толку херојски го бранеше, имено правото како уметник да се одрекне од секоја обврска спрема некоја општествена вредност, било да станува збор за вистината, моралот или правдата, тоа право кое по саморазбирливост му припаѓа на уметникот на граѓанската епоха, [to zna~i da se bide не му припаѓа автоматски и на граѓанинот на gra|anin vo moderna de­ модерното општество.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Зад идејата за народна преродба и национално будење, зад “хрватските пролети” од една страна, како и зад класно мотивираното описменување на масите, под паролата “културата на народот”, од друга, останаа само мрачните гробишта на абортирани интелектуални фетуси - луѓе коишто мислат дека се интелектуалци затоа што оделе во некакви училишта и затоа што му припаѓаат на некој социјален слој.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Неговата реакција на тој свет и самата, меѓутоа, му припаѓаше на тој свет.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
А еве и една работа што во Ребека ја работев многу систематично: г-ѓата Денверс скоро никогаш не оди, никогаш не ја гледаме да се движи од место во место.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Едноставниот чин на постигнување автономност и одвоеност, за него е чин на бесправно грабање на нешто што не му припаѓа; чин на прометејскиот хубрис.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
На овој степен, од клучна важност за шизофреничарот е да ги почувствува сиот шарм и сите убавини што почиваат во меѓупросторот меѓу внатрешното и надворешното, и на сето она што е опфатено со доживувањето и откривањето на она што навистина му припаѓа на сопственото јас.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Тој му припаѓа на оној вид убијци кои во себе ја чувствуваат задачата на уништувањето.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Имав впечаток дека тоа е смислено, бидејќи на крајот од филмот, во другата сцена на железничката станица, кога возот се враќа, тоа е само мал бел обичен дим. •Хичкок: „Навистина за првата сцена барав многу црн дим; тоа е една од оние идеи за кои ќе се изнамачите, а тоа нема ни да се забележи; но, ние тука имавме додатна среќа: положбата на сонцето сосема едноставно создаде многу убава сенка на целата станица.” •Тој црн дим може да се преведе како: еве го ѓаволот кој доаѓа во градот. •Хичкок: „Да, секако.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Се прашувам и ден-денес.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Таа му припаѓа на семејно-социјалниот, а не природниот ред.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Тоа е еден вид бајка, и самата приказна му припаѓа на крајот на 19 век.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
А што се однесува до прашањето кому му припаѓам и од каде ми е потеклото, мислам дека не е важно.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Еднаш завршени и размонтирани, освен кога се купени од некој музеј, инсталациите, како и нивните теми, му припаѓаат на минатото.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Од напуштањето на академијата за сликарство и графика, па сè до неодамнешните инсталации во 90-тите, Кабаков работеше против девијациите на системот, против Комунистичката идеологија и дури и сега, кога овој период му припаѓа на минатото, тој се бори против заборавот и без сомнение, против утопиите.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Сето она што му припаѓа на егзистенцијалниот безизлез, стеснетоста, метафизичкиот егзил, паганскиот восхит, а особено поимот самоубиство, го наоѓаме веќе во првата негова најлуда книга.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Сите тие се исти, сите му припаѓаат на првиот што ќе наиде.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Што направи тогаш?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Овие вредности несомнено му припаѓаат на системот чие распаѓање денес се покажува како такво, тие ги опишуваат стиловите на историското движење кои - како и самиот поим на историјата - имаа смисла единствено во рамките на логоцентричната епоха.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Од суштествени причини: единството на сѐ она што денес може да се постави како цел, преку најразличните поими за науката и писмото, секогаш, во принцип, повеќе или помалку кришум, е детерминирано од една историско-метафизичка епоха; ние го наѕираме единствено нејзиното затворање /clôture/. Не велиме: крајот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тој сака да знаеме дека да се биде уметник не е детска игра: по тежината еквивалентно - без сомнение - играњето шах.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Понатаму, делото на нашата уметност не е само наше, туку му припаѓа и на противникот кој е тука до крај.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во таа цел, Hence Dante Gabriel Rosseti 1861. година изјави дека работата на преведувачот во себе носи стремеж на себелишување и задушување на сопствените креативни импулси,сугерирајќи дека често преведувачот ќе се послужеше со идиоми на својата епоха и со свои сопствени, за да го разубави текстот, но само кога неговото би му припаѓало нему; често по некоја каденца ќе му послужеше, но за структурата на авторот - и по некоја структура, но за авторовата каденца... okno.mk | Margina #8-9 [1994] 27
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Но тоа е незамислено: ХАМЛЕТ не му припаѓа на полето на веројатноста, тој е истовремено крајно неверојатен и крајно неопходен.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во Борхесовата “Небеска продавница на корисно знаење” животните се поделени на следниов начин: 1) оние што му припаѓаат на Царот, 2) балсамирани, 3) дресирани, 4) прасенца, 5) сирени, 6) фантастични, 7) кучиња пуштени од ланец, 8) оние вклучени во оваа класификација, 9) оние што скокаат како луди, 10) безбројни, 11) нацртани со фино четче од камилско влакно, 12) и така натаму, 13) оние што штотуку ја скршиле стомната, и 14) оние што од далечина изгледаат како муви.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Додека оваа пошлост’во чист облик предизвикува само добронамерен потсмев, онаа другата - која што, како што вели Набоков, е особено снажна и опака, кога лажноста не е очигледна и кога се смета дека вредностите кои таа ги имитира му припаѓаат, со право или не, на највисокото ниво на уметноста, мислите или чувствата - се чини, предизвикува тегобност. okno.mk | Margina #8-9 [1994] 161
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во својот познат есеј „Поетот за критиката“, Марина Цветаева, ќе рече: „ Сè вслушнувам во секој голем глас, кому и да му припаѓа тој.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Но, љубовта сепак постои, иако е невидливо нешто и на тој свет му припаѓа, невидливиот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И зарем не е токму тоа кич, кога некој што израснал крај зурла, кавал и тапан сака да свири музика што не му припаѓа, туку им припаѓа на Црнците?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Потем помолче и рече: „Затоа планината се урна кога се обидов умножение да сочинам, отисок од првиот збор, кој беше јас; оти гневот Божји се јавува кога некој лажно јас зема за свое, како Дариј што направил со она јас што му припаѓало на Соломона!“, рече.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Чувствуваше, кога беше далеку од своите дека само по овие древни песни му припаѓа на својот народ, често осамен во историјата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Другарот Ѓурчин се надева дека ќе го затворите случајов бидејќи тој го смета за расчистен - рече човекот од зад ламбата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Го сфаќаме настанатото недоразбирање, и веруваме дека младиот човек ќе размисли за своите грешни заклучоци а со тоа ќе извлече и соодветна поука.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но сенката од зад ламбата како да го беше наслушнала моето размислување па таа самата побрза да објасни дека не му припаѓа на другарот Ѓурчин: - Со другарот Ѓурчин внимателно ги разгледавме изјавите на обвинетиот - почна да објаснува сенката од зад ламбата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Ова е кацеларијата на другарот директор - ме сепнува гласот на човекот што ме спроведува.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И така, тој сега му припаѓа на едно повозвишено ниво на битието, на еден вид мистично братство, во кое на овие другите, на неговите колеги-мајстори не им е дозволен влез.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Таа болка целосно му припаѓаше на минатото и немаше никаква врска со нејзиниот нов и среќен живот со Даниел.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тој се чувствуваше како да ја познавал девојката цел живот, како да му припаѓала нему илјада години, како да била дел од неговиот живот уште пред да се роди.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Со релативна сигурност можеме да претпоставиме дека овие влакна, како и примероците на сперма, му припаѓаат на самиот автор и дека со тоа можеби сакал делото да се сфати како автопортрет.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Кога зборовите се сметаат за „факти“ тогаш зборовите употребени да го опишат „проблемот“ припаѓаат само на проблемот.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Во тој случај, правењето уште од нешто што не функционира, му припаѓа само на проблемот и не е дел од решението.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Конечно го сретнав Фаерабенд во еден луксузен апартман во Петтата Авенија кој му припаѓаше на некој поранешен студент кој мудро ја беше напуштил философијата.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Куќите му припаѓаа нему, но беа книжени на подалечната тетка...
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Така според Џон Викланд (John Weekland) и неговите колеги (пр. Vatzlawik, Veakland, and Fisch, 1974), “проблем” може да се дефинира како “уште повеќе од истото” нешто што не функционира.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Уникатниот предмет содржан во вализе-то на Мата беше познат (од списокот што го објави Бонк во својата книга за “вализе-то”) но овде беше изложена за прв пат; оваа полуапстракција (13) направена од примероци од влакна од косата, од градите, од под мишките и од гениталната зона, аранжирани по вертикала со само една тенка линија што наговестува контура на тело, и неколку исто така бледи линии кои асоцираат на формата на пенис во ерекција. okno.mk | Margina #4-5 [1994] 113
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Беше еден од основачите на Серуското осигурително друштво Саламандер.* Поради исплата на осигурување тој лично спалил четири куќи за издавање заедно со станарите.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Писмото даваше објаснување: “Би сакал да ја искористиш приложената слика, која ме покажува при мојата омилена активност: миење чинии за жена ми во Рим.”
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Но зборовите кои овие автоматски ги имплицираат му припаѓаат само на решението.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Таа му припаѓа на 17, 18, и 19 век.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Тие не му припаѓале на масовното движење, кое по силата на историските околности не може да остане долги години строго конспиративно и кое е подложено на разни провали и разоткривања.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Требало да се истакне „храброста“ на војската и полицијата коишто успеале ладнокрвно да ги ликвидираат атентаторите (иако за нивното херојско однесување и загинување знаел целиот град) и по секоја цена, било преку прогласувањето дека тие, наводно, му припаѓале на „Македоно-бугарскиот комитет“ или преку „пронаоѓањето“ кај Коста документи, да се убеди домашната и странската јавност дека гемиџиите биле членови на „комитетите“ и дека имале врска со Бугарија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Многумина од нив си го поставувале прашањето: Како можело едно исто население да му припаѓа на повеќе нации?
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Фактот дека тие му припаѓале на Гемиџискиот кружок е доволен да не убеди дека и тие во однос на основните карактерни особини, и по она најважното - готовноста да се саможртвуваат за слободата на Македонија - не се разликувале од оние гемиџии за кои погоре стана збор.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Сфатила дека тоа дете му припаѓа нему - на неговиот татко и нејзе - на неговата мајка.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Да победеше Куско, би можеле да речеме, парафразирајќи го Борхес, приказните кои се само додатоци во Кралските коментари ќе се појавуваа во канонски книги.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
А нему во претставата му припаѓа улогата на бунтовник, но, се разбира, лажен бунтовник.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Доколку од тоа се изроди некој кој не дува во истиот рог, стварен бунтовник, настапува паника во целиот театар.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Текстот на Гарсиласо е направен, значи, на татковиот јазик, кому не му припаѓа - или кој не му припаѓа на авторот - и од коментари на претходен повеќекратен текст.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Да му се одземе на еден народ човекот кого го слави како најголем меѓу своите синови – не е нешто што човек радо и лесно ќе направи, особено кога и самиот му припаѓа на тој народ”; така почнуваше „Мојсеј и монотеизмот“, и со таа реченица брат ми ја имаше кажано целта на тоа свое дело: да го одземе Мојсеј од својот народ, да докаже дека Мојсеј не е Евреин.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Не само што Мојсеј го прогласуваше за “угледен Египќанец – кој можеби бил принц, свештеник, висок намесник”, туку и Евреите од тоа време ги опишуваше како спротивност на Мојсеј - “доселени, културно заостанати дојденци.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таа веднаш виде дека косата што беше над длапките на очите беше и премногу сјајна, густа и темна за да му припаѓа на тоа лице.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
И додека тие нишкаа со главите во знак на разбирање, со задоцнување, по англискиот превод од неговите зборови, тој знаеше дека е само прашање на време кога повторно ќе се врати на местото кое природно му припаѓа.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Оваа сива маса му припаѓа на индустриското минато и сега ги користи последните државни пари, пред да биде оставена сама на себе.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Но таа измислица е толку глупа, и истовремено, гнасна и непристојна, што јас дури сметам дека не е потребно таа да се опровргне пред просветените читатели, на кои, без сомневање, им е познато дека само вештерките, и тоа, мошне малубројни, имаат опашка одзади, а кои, впрочем, повеќе му припаѓаат на женскиот, отколку на машкиот пол.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Така, се прошири гласина дека Иван Никифорович се роди со опашка okno.mk 137 одзади.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Тој нема родители. Тој му припаѓа на она што му ја заплени душата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И како надолжно и напречно да поделиш и да одделиш делови за „ИН“ и „АУТ“ операција... зашто потоа, глеј, во дел од секундата, посакуваш да склопиш ЦЕЛО од „пазлите“ за ИН, зашто оние што на чудовиште му припаѓаат си ги запалил и станале сив пепел, а сликата е речиси празна, не препознаваш кој е на неа.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Овој покрив што не е мој и му припаѓа на некој бивш министер од некоја поранешна влада, тој ми го издава мене, а јас сум само бивша жена од семејство кое, исто така, е поранешно.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Била преморена, нејзиниот од повремено минувал во несигурно трчање - гласник е што и по цена на животот се напнува со последна жиличка да му предаде на таборот на кој му припаѓа со душа претсмртна вест, да го избави од грижи или да го предупреди, битката сѐ уште тече.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ја чекале залогорени меѓу смреки и жолто процутени грмушки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Кој? - Рада глумеше изненадување, иако точно знаеше кому му припаѓа овој прекар. - Долгиот!
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Од шкафот изваде стаклено полкилниче со ракија, со заби ја извлече плутената тапа од устинката на шишето и долго го мирисеше пијалакот, бавно замижувајќи со очите како да сакаше да затвори уште една завеса, за сосема да се оддели од светот на кој по нечија волја му припаѓаше.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Некој од нив, воден од сочувство, одлучи да му помогне на Акакиј Акакиевич барем со добар совет, велејќи му дека тој не би пошол кај реонскиот началник, зашто може да се случи реонскиот, сакајќи да заслужи пофалба од претпоставените, и да го пронајде на некој начин шинелот, тогаш шинелот сепак ќе остане во полицијата, ако тој не им достави законски докази дека шинелот му припаѓа нему; туку дека е најдобро тој да му се обрати на едно значајно лице, дека значајното лице, откако ќе испрати писмо и ќе се поврзе со оној со којшто треба, може да направи работата да тргне поуспешно.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сѐ што е божествено човечко е, а сѐ што е човечко, па дури и логосот, му припаѓа на историјата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Со други зборови, државата зафатена со занесот на Volksgeist-от веќе ништо не ја спречува; никаква етичка норма веќе не постои на нејзиниот пат: лишени од сопственото постоење, блокирани во својата совест, нејзините поданици не можат да побараат никакво право, а бидејќи нејзините непријатели не му припаѓаат на истиот вид, нема причини врз нив да се применат човечки правила.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Двојната улога не почека да го преврти скорешното доживување во благо и „наивно“ прашање: Зошто оваа девојка не го напушта кланот, ако чувствува недостаток на индивидуална бенефиција која ја бара од оние кои не му припаѓаат?
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Го наследија близнаците Крловац од некој свој роднина добротвор и наследија една колиба со многу ненужни предмети: дрвена вила, дрвена лажица, дрвен чанак, дрвен триножец, земјана стомна, земјено грне, стар календар со избледена слика на некаква кралица и сѐ така нешто бесцелно и без функција во еден живот на кој му припаѓаа - колекција на разнобојни срчи од прозорците на некоја градска црква, урната во војната, китка суви непознати треви, куп черги, војнички шлем, карбитена ламба.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Иако можностите што ги отвора развојот на современите комуникациски технологии сé уште во потполност не се истражени, веќе сега знаеме доволно за да можеме да тврдиме дека онаа универзална, глобална слика на светот (со одредена култура или низа култури што доминираат) му припаѓа на минатото.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Работата се компликува со фактот дека за овој ран период воопшто не е лесно да се одреди дали некој пример на графички израз му припаѓа на уметничкото изразување или на примитивното писмо.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
На дизајнот во една поширока смисла на значење му припаѓа значајна улога во тоа преструктуирање.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Има ли овде граѓанска храброст на ова изопачено народњаштво да му се погледне в очи и да му се каже она што му припаѓа?
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Условот за оваа заедничка ситуација не е само индивидуален, туку му припаѓа на општественото, политичко и културно искуство, идентитет и физиономија на Европа како целина.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Актуализацијата му припаѓа на виртуалното.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Интеркултурниот и интракултурниот плуралитет денес му припаѓаат на секојдневното искуство, иако едновремено - особено под белегот на новата технологија - се загрозени со систематските процеси на униформизација.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Миризбата на јасминовите цутови, бојата на портоколавите и лимонови цветови, зреењето на калинките, играта на морските бранови во близината ме пренесуваа во еден свет на кој физички му припаѓав, но не и целосно емотивно, духовно.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Среде широкото плато со видик кон Мраморното Море стоеше Али Фети со сопругата Галибе Хаки, од татко висок чиновник во Империјата и од мајка која му припаѓала на султанскиот двор.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Од оваа култура, најзначајниот дел му припаѓа на Бог.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И почитуваниот Богдан Јанков имаше еден таков свој континент, делче на светот што само нему му припаѓа и за него е непроменлив: ја одржува мекоста за нечујно чекорење меѓу проѕирни габери, бресилки и дабови, и за негово лежење, детски, ничкум, со чело на синкав мов, под јата златоперки, или жолтавки, или саријасми, како што одамна со туѓ јазик се викале денес се сосема ретките и скоро заборавени преселни птици, по боја и по необичност блиски, поточно слични на парче сонце.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Останал неподвижен и со раширени раце и уште повеќе сличен на црн крст. сигурен дека сѐ му припаѓа во таа ноќ пред големата утрешна битка во која над него ќе стојат други со поголем чин и попризнанена војничка мудрост, офицерот тогаш ошол да го земе коњот да го попжвлече за узда кон себе, да им ја открие на војниците својата љубов кон животните или, просто, да им ја покаже умешноста на скротувањето. И го сторил тоа.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И му припаѓа само нему, останува неповторливо за други места и други градови.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тој простор, без јасни рабови и многупати меко нурнат во испарувања со неопределена боја, му припаѓа, секогаш загатлив, само на еден човек, така и останува ист и непроменлив, само за тој еден, до длабочините и ожабавеноста на животот, до оние години кога меѓу јавата и сонот нема јасна меѓа.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Навистина, тој е само вечен, неговата големина лежи во сѐ и над сѐ, безимен е, додека она што му припаѓа има само едно име и презиме - Богдан Јанков.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И тука се чувствуваше вообичаениот мирис на варена зелка, заеднички за целата зграда, но беше некако пресечен од едно уште поостро испарување на пот кое - човек го знаеше тоа штом ќе го почувствуваше, иако беше тешко да се каже како - му припаѓале на некое лице што не е присутно во моментот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Трагедијата, забележа тој, му припаѓа на старото време, на едно време во кое сѐ уште имаше приватност, љубов и пријателство и кога членовите на едно семејство се поддржуваа меѓу себе без потреба да ја знаат причината.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И тој гест му припаѓаше на старото време.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Никогаш нема да дознаете многу повеќе за Братството, освен дека тоа постои и дека вие му припаѓате.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Таа му стана физичка потреба, нешто што тој не само што го посакуваше, туку сметаше и дека со право му припаѓа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се наредува случајот претходно да биде испитан: ако старата црква навистина му припаѓала на споменатиот милет, ако во сето тоа не учествуваат и други милети, ако не се наоѓа во исламско маало или атар, ако земјата не е во состав на некој вакаф, и ако за ѕидањето нема никакви други пречки и ако молителите ги обезбедат потребните пари за ѕидање под услов да не бидат надминати споменатите димензии, да не се пречи ѕидањето на споменатата црква, туку да се задоволи молбата.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Таквиот критичар може да му припаѓа на оној старомоден вид, со една наивна и будалеста верба во културата како одбрана од варварството, во културата како класна предрасуда и калап на цивилизираните.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Покрај тоа, пропишано е дека просечната месечна нето плата по работник која ја исплатува работодавецот не може да 183 биде пониска од 65% од просечната месечна нето плата по работник на одделот на кој му припаѓа работодавецот регистриран согласно со Националната класификација на дејностите, објавена во тековниот месец (чл. 5, ЗИДЗИПРМ/01).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Навистина, тоа најлошото му припаѓа на минатото - си мислеше Марија.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Се знаеше однапред кому кој дел му припаѓа.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Најпосле си ја отвори и адвокатската канцеларија крај куќата, веднаш близу езерото, во еден од дуќаните кои му припаѓаа на семејството.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Благодариме!... и натаму ќе те пресретнуваат познатите зборови или ехото на истргнатото ...најважна е неизвесноста вели тато пази ја светлината на првата страница колку бавен ни се чини и долг почеток на нејзниот од но книгата веќе ја отворивме и ти патуваш сине излези од бањата не свлекувај ги тревожно измокрените гаќички туку појди по блесокот прескокни ја корицата- ограда остави ја оваа страна мене домот мртвите сестри и браќа онаму е поезијата ќорлестото маче со рахитични предни нозе ќе биде твојот водич токму тоа мачето кенгур ќе те изведе низ светот на прекршените огледала и зборот осамен што толку патетично ти звучи сега таму ќе биде највистинското задоволство ќе му припаѓа само на твојот сон ќе се гнезди само во твојот занес трагај... тигарот или полезноста на проекцијата на законите на џунглата врз собната атмосфера ...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Разбирање немаше, зашто одново заживеа злата крв што во нивната фамилија влечеше корен од порано: нивните дедовци (браќата Видан и Блашко) при делењето на куќата и дворното место, зафатија кавга околу орешката што беше на меѓата: и едниот тврдеше дека му припаѓа нему, и другиот; започна жолчна караница во која обајцата се избодија со ножеви и обајцата подлегнаа на раните; ги закопаа во гробиштата еден крај друг во семејната парцела - како браќа.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Од друга страна тој лично, а веројатно и многумина од жителите на Горно Морино можат да посведочат дека белезицата му припаѓа на семејството Чардаклиеви; дека на Маре ѝ ја предала нејзината мајка уште кога била жива.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Можеби токму сознанието дека можеби и јас му припаѓам на сојот на невидливите се почувствував послободен.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Но и во таквите моменти на збунетост и нејасна надеж, тој беше сигурен дека , (иако сонува и посакува еден вид вознес за својата личност; иако се осмелува да ги смета за остварливи и најнедостижните желби), никогаш не му припаѓаше на светот на празните фантазии, туку напротив, целосно ѝ припаѓаше на грубата реалност, или поточно на светот на математиката како што често нагласуваше.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
За возврат, или како награда, на Поетот целосно му припаѓа привилегијата да располага и да господари со својот свет на соништата.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Имам повеќе пати укажувано дека услугите и понизноста не му припаѓаат на мојот свет на разбирањата и објаснував дека не ги ценам бидејќи тие за жал ни ја нагризуваат стаменоста.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Овде само ќе додадам дека знам кога гласовите му припаѓаат на човека а кога на ѕверот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Не забележав кога влеговте“, рече и веднаш помисли дека непознатиот му припаѓа на оној пргав сој претставители на службените настани кои милуваат директно да ти се втурнат во проблемот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Па ти му припаѓаш на оној тип луѓе кои сите работи ги мерат на аптекарска вага.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- Какви убави спомени бараш кај мене, кога јас му припаѓам на редот на прогонуваните – налутено ми се обраќа Привидот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Така, успеа да го набави рачниот несесер од коска со прибор за шминка, кој му припаѓал на Рудолф Валентино.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Беше слеп на левото око, тоа веќе не му припаѓаше нему. Сега тоа беше непријателска територија.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Автомобилот кому му припаѓаше се лизна подалеку, несвесен за тоа дека го загубил едното сребрено око.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Како гилјотина што просто му ја отсекла главата и сега таа лежи на полноќната перница, додека телото под него е сѐ уште живо, но му припаѓа на некој друг.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
А јас сериозно сметам дека Загорка не му припаѓаше на некој посебен вид, а уште помалку можеше да се смета оживеан примерок на непознато суштество заскитано во време на кое не му припаѓа.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А ако си принуден да го сториш под присила тогаш измиј си ги рацете, како оној несреќник Пилат!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Најсетне доаѓа и она моделирање на колачот. А и тоа му припаѓа нему. На авторот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Веројатно му припаѓаат на безименото стадо со кое ништо не нѐ сврзува.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Навистина може да се рече дека тоа беше една смешна ситуација но само до моментот кога лудиот поверува дека му припаѓам!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Таа прва ги откри оние наслаги во мене што обично му припаѓаат на сортата копилиња кои деновиве сноват по корзото и по кејот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А морам да признаам дека за оваа моја неизречена помисла, од која требаше веднаш да се вцрвам, ми се чини дека беше сосема безвредно она што подоцна самиот си го префрлував, дека му припаѓам на суровиот и недоделкан дел од стварноста.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се сетив на мудроста за која и не знаев на кого му припаѓа иако ја имав веќе забележано во моите белешки. Тоа што го прави нечистивиот не прави го и ти!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Го зедов револверот и се доближив до вратата зад која се распознаваа гласовите на Катерина и Јана како и гласот на Непознатиот за кого сега веќе дефинитивно знаев дека му припаѓа на Мирко Бунде.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Николина не му припаѓа на она стадо што виси по излозите или кај Ќермез чекајќи некој да ја забележи и поведе.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А ваквите настојувања беа толку присутни, и беа толку грдо поттикнувани токму од луѓето од кои Јана зависеше!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Јана ми има еднаш речено дека мажите биле како циркуските животни.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Жолтко, таа жена му припаѓа на друг.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Вратата не беше заклучана. Како што предвидував и тројцата седеа на софата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Изгледа Јана никогаш не му припаѓа само на еден, туку на повеќемина истовремено! – забележав.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Навистина е жално ако е точно тоа дека полесно ја поднесуваш смртта на оној што ти се допаѓа од смртта на оној што го сакаш - реков мирно, без злоба.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И покрај тоа што божем му припаѓаме на едно одамна моделирано братство.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но како да му помогнам додека чувствувам како ме измачува помислата дека не сум во состојба да го запрам времето и дека веќе наближува некој друг ден, некоја друга ноќ, а тогаш Јана ќе биде сосема друга жена, поинаква од онаа што тој ја познава, и дека тогаш ќе му припаѓа на некој друг.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ете, татко ти му припаѓаше на друг народ, па никогаш не се сврти напред.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Во кон­фликтот меѓу единката и институцијата, единката мора да се подреди, да се одрекне од својата лична самостојност и да го пронајде своето место во општествениот организам, кому му припаѓа и кој ја дава смислата на нејзиното постоење - најголемата вредност е онаа, кон која чувствуваме припадност (belonging).
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Како што беше немоќна да проникне во тајната на неговото тело, така и неговиот дух му припаѓаше на воздухот.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Тој му припаѓаше на племето на невидливите.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Не би можел таму повторно да работам бидејќи мојата генерација му припаѓа на минатото.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Во рамките на информациската теорија на преведувањето, Деридината “игра на трагата” не му припаѓа на преведувањето кое ги пренесува препознатливите значења преку границите, туку на едно движење по еден отсутен пат, оној кој диссеминирал или испарил, на глас кој кажува но не може да биде фатен, на ехо кое исчезнува откако ќе се слушне.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Игра на трагата што веќе не му припаѓа на хоризонтот на Битието, но игра што го пренесува и опфаќа значењето на Битието: игра на трагата, или diffѐrance, која нема никакво значење и која не е.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Тој ја знае премногу добро.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Не знаеш кому му припаѓа твојот живот, што е поголемо за тебе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но луѓето паметат колку сите наши соседи се единствени дека нема македонски народ и колку не се единствени — чиј е тој народ, кому му припаѓа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Па, ете, и сокот на убавината што му припаѓа лично нему, на негово задоволство, му го подарува на идното човештво.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Понатаму се истакнува дека во случај САД да сакаат да му помогнат на Тито, а со тоа и на народот, "навистина на народот, тие пари мора да му ги предадете нему, бидејќи тие молат за оружје и за муниција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Според цитирањето на еден поранешен југословенски функционер, тие пари "не припаѓаат ниту на Владата ниту на круната, тие му припаѓаат на народот".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Но, секогаш кога трчајќи ненадејно ќе налетам на тивка уличка која како да не му припаѓа на бучниот град, ме обзема необјаснив страв.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Најголемата дилема е околу тоа дали една информација ѝ припаѓа на одредена корпорација или на владата, или пак му припаѓа на светот.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Тогаш му доаѓаа, заедно со тие чудесни слики и некои необични мисли од кои дури самиот се плашеше, како, на пример, не му припаѓа тој никому, не е роб, дури не е ни зависен, и сè што е негово е само негово, толку многу негово што тој има право, по своја желба и мерак, да го разделува на оние што ги сака или сожалува, а никако на еминот кој тоа му го земаше сосила.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Затоа, според ферманот, нему му припаѓаше сѐ околу езерото, сѐ што лета на небо, оди по земја и плива во езерото, а покрај тоа неговиот закон зафаќаше и сѐ друго поврзано со живите, избеганите робови, соколските седела, па и сите даноци, од пазарните такси, од данокот за пасење на добитокот, за лозјата, димнината, арачот и џизието, па сѐ до најомразениот од сите даноци, данокот наречен „спенча”, кој сѐ уште се плаќаше со деца, иако по разни патишта и со разни хуџети до шеријатот, одамна се бараше да се прекине со него.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Зашто, ваква доверба не му припаѓаше на човек на кого му се верува, туку на човек што е неповратно осуден на смрт.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)