му (зам.) - пука (гл.)

Размислуваше да го начека кога оди в поле на работа и од скриено место со пиштол да му пука. Но каде да најде пиштол?
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Се обидел да изгледа спокоен, онаков каков што бил скоро секогаш во свеста на простиот човек, и искинато, скоро неразбирливо ја искажал желбата на жените и не споменувајќи ги.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
13. ЗАМИНУВАЊЕТО Е ЖАЛОСТ, ДОАЃАЊЕТО Е РАДОСТ - го знае тоа младичот кому здравјето му пука: часовникот во слепоокото на неговата младост полноќното дванаесет со изгрејсонце го чука...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
На носот му пукале темноцрвени жиличиња.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Иако срцевите комори му пукаат од страв, тој наизглед останува прибран.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Ме гледа од под сенчилото на капата и молчи. Устата му пука од врелината.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)