му (зам.) - сугерира (гл.)

Едмондс ќе му сугерира на Каиро Киро Георгиевски-Дејан да „престане со операциите на грчка територија“, но и самиот бил свесен дека „и тогаш веројатно регрути ќе заминуваат“ на територијата на Македонија, наместо да му се приклучат на ЕЛАС.333
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Посилен впечаток по својата физиономија остава единствено станицата „Лувр“, која исцелно аранжирана во стилот на музејските вредности и на патникот ненаметливо му сугерира дека на оваа станица треба бездруго да слезе за да влезе во музејот „Лувр“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Но тој на почетокот не можеше да разбере каде и во што целеше Татко при посочувањето на овие две заемки, со сосема различна конотација, но за тоа требаше да се дебатира, откако ќе се исцрпеше сета можна конотација на овие два збора во балканските и во другите европски јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Така Татко му сугерираше на Камилски, од претходно изложените заемки да се задржат одделно на зборовите барут и бакшиш, како и во филозофската синтагма: барут бакшиш!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Анализата што младиот доктор ја правеше во својата глава му сугерираше и се сведуваше на едно.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Насетував како му се будеа агресивните нагони кога од централата му сугерираа како да се однесува кон жртвата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Почна да му сугерира дека ете, тие старци толку се лоши, што и сопственото дете, него, Хелвиг, а и неговите синови, не можат да ги поднесуваат.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Неговите сугестии биле во правец британскиот политички естаблишмент да вложи напори со што би можело да се спречи тој тренд, бидејќи биле загрозени нивните интереси во Средоземјето, а посебно му сугерирал на Черчил да се договорат со грчкиот крал и на тој начин да се заштитат и обезбедат британските интереси и "грчките животни интереси".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Настаните на военото и политичкото поле на територијата на Југославија се одвивале како на филмска лента.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)