му (зам.) - тропа (гл.)

Таму сега веќе Петре беше го разгорел оганот, се направил жар достур, а и пцалтот Кушо беше го преварил дедот поп и го изнесол „воскресението“ надвор да му тропа на дедо поп кога ќе почне службата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Му врза Јандре оглавник на гуша на попот српски и го поведе од куќа во куќа; му тропаше на една тенеќија и удирајќи го со кундакот на маликерот, му заповедаше Ајде сега, Божано, кажи како се тркала стар дедо со стара баба.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И попот се тркалаше во дворот во правта.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Срцето му тропаше како тапан, но неговото лице, од долга навика, веројатно беше безизразно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Пет секунди подоцна, додека срцето силно му тропаше, Винстон седеше на масата до девојката.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Срцето му тропаше во градите со застрашувачка гласност.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога ќе го прифатат, си става во неа камче да му тропа. За да го мислиш будала.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
И пакост за оние што не го држат носот подалеку од мојот праг.“ Од зад една подотвореност се протна човекот што две ноќи пред тоа му тропаше на врата.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
РИСТАКИ:: Будалаштиње женски! Многу умеете вие да прецените што е убаво. (убедливо) Ништо не е оти ќе е повозрасен од неа. Ќесето да му тропа, тоа се бара!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
(Го вади ќесето и го чука). Тропа ли ова- млад си. А на Никола му тропа!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Кога е сиромав, треба да е млад за да може да работи да те рани, а кога му тропа ќесето не се гледа на тоа оти бил стар.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Подобро од моево му тропа! (ја поттргнува Саветка настрана од Антица и поверливо) Јас веќе говорев со него и ми вети, ако му ја дам да помине и тој во грчката партија.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Вок најслатко спие кога му тропаш над глава.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)