му (зам.) - тура (гл.)

Не можев да решам, но сепак, си реков, ќе ја оставам, зашто и така ќе му кажам на Методија да се грижи и за неа и да види во шталата, сигурно Симон има оставено залихи зоб за коњот и вода да му тура за пиење.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
„Гого, да не му тура нешто во манџата оваа Микица? Мене многу ми е сомнителна, да знаеш.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Вера го милува по главата. Му тура ракија).
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)