му (зам.) - чади (гл.)

Очите толку многу му гореа што му се чинеше дека му чадат како вули од кои тукушто не потекла првата ракија.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Зар не гледаш дека и докторот кога ќе дојде во селово се напива за да ги тргне мислите од вулканот што му чади над амбулантата, да не мисли дека секој миг може да го поклопи...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Така месечината, со сребрен венец украсена, и без да се знае што се случило, била спасена.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
На секој од огнениот камшик опашот му чадел.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Го побара околу себе и го најде. И сега лежеше тука, здола, со трите свои нозе подвиткани под себе и со едната останата назад; лежеше постојано со муцката дигната нагоре, а гладот продолжуваше да му чади погано од неговите очи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)