нас (зам.) - испрати (гл.)

- Да, седумдесетте си ги задржа татко ни Добре, најдобриот човек на светот, а нас не испрати да ти помагаме.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
- Ова сигурно го има направено игуменот и отец Иларион - рече Стивенс. - Со крстови да нè испратат...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Летото, мене и Оливера Поточка, нѐ испратија на партиска школа во Скопје.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Од Битола нѐ испратија во Гостивар и во Тетово, да ги очистиме балистите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)