нас (зам.) - фати (гл.)

Воздухот постојано нешто мрмори: може да нѐ фатат на легло, што се вели, натерани под земја, заробени од стравот, од себеси.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Милото мое, - рече толку тивко, толку мило што нас како да нè фати струја, в час се ослободивме од вкоченоста, од страшниот мраз, видовме таа беше мајка, Кејтенова мајка.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Нѐ фатило некаде ноќ среде шума, прст пред око не се гледа, што се вели, мислиш си ослепел, а тој ми вели да се фатам за опашката од коњот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Сигурно сакаат да нѐ фатат во стапица, велам, сите да нѐ фатат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)