неа (зам.) - бев (гл.)

Во неа беа плаката13) и букварот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Добро го кажав ова, ха! Тој не дека не те сакаше, но лесно поводлив ли, суетен ли, желен за престиж ли, сите го гледавме како оди по сечилото на жилетот, впрочем сакаше да се знае, и сите знаевме, оти и не беше само таа, ама со неа беше посериозно, и за детето се вели дека е негово, ама луѓето знаат и да ги надујат работите!
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Утрото ни јавија дека починала!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Се сеќавам вечерта кога мајка ми се врати од кај неа беше истовремено вознемирена и загрижена, но и на некој чуден начин задоволна и смирена.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Било дел од парите што татко ми ѝ ги даваше еднаш во неделата, влегувајќи во кујната кајшто Рашела редовно седеше помагајќи ѝ на мајка ми, било кога мајка ми ќе ја испратеше кај нејзините со некоја понадица, а во неа беше главно сѐ што за делник или за празник се подготвуваше кај нас дома.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во неа бев две години.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Пред неа беше паркиран само еден шлепер, а внатре сите маси празни, освен една.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
За неа беше најзначајно што книгите за отоманското време го заземаат местото на книгите за јагулите.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Најзначајно за неа беше тој да почне да ги заборава сиџилите...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Погледот ми го плени главата на еден бункер која беше излезена од морето, а врз неа беше застанат бел галеб.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Иако оваа приказна се чини слатка и пожелна како топлиот леб штотуку изваден од под вршник, (а познато ви е дека ова печиво е исполнето со празнини, со безброј меурчиња) сосема е природно настанот да ви се пристори сосема необичен. И ништо повеќе.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А приказната за белиот коњ, кој без да полета не качи под облаците! (Замислете си, во неа бев прикажана како заспана).
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Околу неа беа бавчите и куќите на Шатовци.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Седеше, а пред неа беше блокчето и куп боици.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Се чувствуваше како ништожен оклоп, сета виталност од неа беше исцедена, а струењето на животот ѝ беше само танко прокапување.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Скулптурната маска на агонија на неговото лице не се стопи, но нова светлина дојде во неговите очи, а таа за неа беше како зрак сончева светлина што ветуваше.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
А сѐ започна од мојата наредна пријателка.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ние со неа бевме заедно веќе десеттина дена и таа мене добро ми здодеа.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Сепак, највредно кај неа беше музиката.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Ако ја нема зградата, барем да го видиме местото каде постоеше, да се соживееме со тие кои во неа лекуваа и со тие кои во неа беа лекувани и во нашата вообразба да ги внесеме нивните болки и страдања и радоста од вратениот живот...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Некои од тешко болните дури и неа беа во состојба да се радуваат од пристигнувањето до целта.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Моето чувство кон неа беше поблизу до страхопочитување.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Мојот отпор кон неа беше сѐ помал и помал.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Извлеков само една стара фотографија од албумите – на неа бевме ние сестрите, нашите браќа и нашите родители, и ја ставив меѓу десната града и градникот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Од распаднатиот куфер го извлеков само она што не беше мое, и го ставив меѓу левата града и градникот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Пред неа беше раздиплена сета руба што ја носеше на Сведен од невеста до сега, сочувана, чиста, утлеисана за Последниот ден.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Иако не знаеше да чита, таа ја побара Светата книга зашто таа за неа беше Светиот Храм во кој обитува Господ.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ја побара Светата вода зашто тоа за неа беше Светиот дух и солзите на пресветата Владичица наша.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Кутрата невеста, кутрата Невена! На неа беше заборавило и времето и младоженецот, но таа не го забораваше ни времето ни младоженецот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Тогаш мислеше дека е подготвен да ги изоди сите дивини, само да биде негова, и му се чинеше дека секој збор што тој ќе го каже ќе биде премногу во аголот во којшто таа го притисна со своите зборови и го зароби во својата мрежа.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Никогаш никому не му кажа дека овој копнеж по нешто што требало да го доживее, а не го доживеала, сè почесто ѝ доаѓаше колку што беше постара. Tоа и не беше некоја посебна тајна, но за неа беше толку интимна што не можеше да се присили да им ја каже дури ни на најблиските.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Овој пат бакнежот за неа беше како пупка која на усните ѝ расцвета во ружа – во ливчињата на тој бакнеж таа ја сети свежината на капките роса и богатството на кадифеноцрвената боја.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Пред неа беше немоќен, а најсилен, неопитен, а спокоен додека нејзиниот глас му прикажуваше, го поучуваше и го водеше.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Високо специјализираните професии се најдоа на списокот на забранети улоги, откако една професорка по филозофија, чија пасија беа медицинските енциклопедии, доживеа тешка траума присуствувајќи на операција на слепо црево, каде од неа беше побарано да го направи првиот рез.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Калето под западната страна е засечен со голем нож земјата е жолта и врз неа ништо не расте ама под тој засек во пеесетипрвата бегалците кои нагрвалија од Војводина најдоа една голема куќа што ги заплашуваше со својата грмадност ама имаше ѕидови од тули една или две бетонски плочи што не одеа од крај накрај и тие што успеаја да се напикаат во неа беа спастрени од ветровите што дуваа од кај француските гробишта оти удираа во калето поминуваа врз куќата долу во засекот поминуваа преку реката и им ги мрсеа косите на луѓето во уличките околу плоштадот оти тие во своите влакнести гради донесоа други ветрови и јас кога прв пат дојдов да го барам братучедот кој садеше дрвца по падините на водно со страв влегов во отскриените делови на куќата низ отворот од источната страна се обидов да влезам и ги видов диреците бетонските диреци се губеа во темницата и којзнае дали таму потпираа нешто и освен што слушнав многу гласови не успеав никого да видам само претчувстував како срцето сака да ми избега па избегав јас назад по патчето што го следеше насипот од песок од врби од магарешки трн крпи гуми стари опинци и вјасајќи така во песокот завидов тројца за кои не знам дали беа запретани во неа или таа поминуваше преку нив преку старецот со долга коса и брада виткана во тркалца реку буштравата туфка за која во истиот миг сфатив дека е дете кое му лежеше преку нозете и преку младичот за кој не знам дали му седеше на раката на старецот дали само главата му беше ставена врз неа како врз перница или пак навистина само горниот дел му се подаваше од песокот и незаинтересирано фрлаше камчиња во водата и којзнае зошто јас потрчав по насипот не обѕрнувајќи се и кај театарот ја скокнав реката по дрвеното мовче нурнав во уличињата околу офицерскиот и после не знам што стана се задржав негде низ град или се вратив во предградието на насипот okno.mk 59
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
А тие двајца во неа беа останати сами за да си свршат меѓу себе некоја своја работа во четири очи, како купувач и продавач, како купувач и џамбас, а тоа, наеднаш, беше всушност толку просто, така што дури и тој сега ја сфаќаше сосема добро упорноста на мршарот под себе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Требаше да оди на работа без шамија, демек гологлава, да ја фрчка косата, што за неа беше недопустливо за жена, мајка, домаќинка, жена со сајбија, демек со маж.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Како ќе се снајдам да излезам од глибов? - речиси во исто време кон неа беа пружени четири раце кои ја извлекоа и и го покажаа вистинскиот пат.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Пред неа беше Долгиот. - Млада дамо, дозволете ми оваа вечер да бидам Ваш покорен слуга.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Трепетот во неа беше толку голем што пред да изговори длабоко воздивна наполнувајќи ги своите гради.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во неа беше собрана сета нејзина чиста љубов која само на еден широкоградно му ја даруваше.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Годините за неа беа само временски поим. Таа ниту ги броеше, а уште помалку ги чувствуваше. Никогаш не ѝ натежнаа, ги носеше исправена со крената глава.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И беше среќен зашто секоја средба со неа беше сè поубава и поубава.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Оваа шанса за работа за неа беше повеќе како забава, бидејќи многу го сакаше модниот занает и светот на кој тој занает припаѓаше: боите, новите форми на моделите, текстурите на штофовите, деталите на чевлите, накитот, украсите во косата, движењата на манекените, атмосфера на припремата, изненадувањата кои се случуваа на секоја ревија, динамиката на работата која во себе носи големи тензии но со тоа и нови плодови на креацијата.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
За неа беше туѓа, незамислива таа среќа.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Само сега во неа беше побучно и повесело.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Беше длабока ноќ, пред зазорување.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
За сè друго може да се размислува на различни начини.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ема не беше наивна за да не помисли дека сега други ни го спремаат истото, но за неа беше многу пострашно и поболно тоа што ние паднавме во замката што ја подготвувавме за другите.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Двајцата ѝ беа должни на Илона и со неа беше сè океј, таа сега е во Италија, во Равена, кај Јирачек.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Иако со Сања се сретна само еднаш, за него таа беше љубовница, и тој збор и помислата за неа беа израз на присноста негова кон отсутното што толку многу го сакаше.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Темите за разговор со неа беа сериозни иако потекнуваа од најобични и најбанални примери од животот, и таа низ тие разговори се проверуваше самата себе, се обидуваше преку спротивставувања што ги изнесуваше госпоѓа Мариела, да се врати од својата откаченост, од својата професионалност и професионална дезориентираност, на некаков нормален колосек (таа така си го дефинираше, нормален) и длабоко во себе и беше благодарна, изразувајќи ѝ чувства на искрено пријателство и почит.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Погледите на двајцата млади мажи,во полна сила како што знаеше Дарко често да потенцира со идиотско смеење, за неа беа комплимент за нејзината фигура, и таа сосем нормално го прифаќаше.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Беше обесена на два железни синџири, а на неа беше испишано бизарното име на ветеранското село ЛОЈАЛНОСТ ДО ГРОБ. ***
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
За неа беа заинтересирани локалното друштво за заштита на животните, асоцијацијата на крводарители и управата на локалниот тениски клуб.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Стигнувањето до неа беше тешко и ризично, но самата соба беше светилиште.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Речиси сите луѓе во неа беа грди, и ќе беа грди дури и да беа облечени поинаку, а не во униформните сини комбинезони.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Она што го изненади кај неа беше грубоста на нејзиниот речник.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Винстон, сѐ уште со актовката со книгата, што му стоеше меѓу нозете додека работеше и под главата додека спиеше, замина дома, се избричи и речиси заспа во кадата, иако водата во неа беше одвај млака.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Необичната почит што ја почувствува кон неа беше некако измешана со глетката на чистото безоблачно небо што се протегаше зад оџаците до бескрајни далечини.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Поголемиот дел од неа беше здодевна рутина, но вклучуваше исто така и толку тешки и замрсени задачи, што човек можеше да се загуби во нив како во длабочините на некој математички проблем - деликатни парчиња од фалсификат, во кои немаше од што друго да се раководи освен од познавањето на принципите на Ангсоцот и од сопствените претпоставки што е тоа што Партијата сака да го каже.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Посетата на лекарот во домот на Марија, за неа беше вистински празник. Па и за сите во семејството.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
За неа беше тајна дали и што се изменило во него самиот од нивното доаѓање тука, во Германија.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Не беше оптоварена со тоа што тој не е разведен. Тие работи за неа беа само формални.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Крај неа беа посадени прекрасни дрвја.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Желбата да има дете, во неа беше толку голема, што не сакаше да верува дека тоа нема да се случи.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Во тој момент нејзе ѝ беше сѐ едно: чупе дете за неа беше нејзина рожба, нејзина среќа и надеж во животот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Чана насетува дека на Добра ѝ е тешко што е одвоена од нив, а уште потешко ѝ е што е без својата сестра Пелагија, која иако помала, за неа беше вистинска закрила.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Крај неа беше братот лекар, беше стигнал и најмалиот брат од Германија, кој повеќе години работеше таму.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Со неа беа син ѝ лекарот и ќерката...
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Најпосле, попушти, се согласи да појдеме, но откако убаво ќе ја среди куќата, иако сè во неа беше во совршен ред.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но за неа беше уште понеобично што Татко никогаш, во ова време, не доаѓаше дома.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Одамна тоа за неа беше само еден каталог.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Што се однесува до Гала, јас за неа бев мало маче и букварче.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во неа беа нацртани квадратчиња, стрелки, бројки и многу други за Трајчета непознати знаци.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Зад неа беше нејзината мала и дебела сестра.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Денеска сабајле дојдоа двајца чичковци и ги поправија лулашките, сега можеме да се луламе! - кажав јас насмеано во еден здив.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
КОПНЕЖ Пред да се раздени - за неа беше разденато, Пред да се стемни – за неа беше стемнато, Го преврзуваше сонцето со влажна шамија И го успиваше крај неа.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Во миговите кога се пишува секогаш се мисли дека вистински се изразува сорствената мисла, но кога се чита малку подоцна повторно напишаното, готови сте, до бога, да признаете дека сте биле во заблуда.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Имав впечаток дека за неа беше многу позначајно да го чита продолжението на мојата балканска сага на француски јазик, да го одржува жив и постојан тонусот на моето пишување и ревносното преведување на Патрик Крисман, отколку да навлезе во издавачките стратегии, се разбира пред с засновани врз материјалниот профит од книгата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
За мене часовите со неа беа чудесно отворена врата кон вечната француска литература, но и повод, да $ се исповедам на француски јазик за текстот, за моето пишување, за моето семејство, за мојата судбина на Балканот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Се скршија неколку чаши што паднаа од кујнската маса; сликите закачени на ѕидовите висеа искривено; малата витрина беше изместена на средина од дневната соба и сите украси во неа беа превртени и стоеја на куп.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Приказната за неа беше многу, многу долга и за жал сосем сум ја заборавила.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Машината за пишување беше отворена, но на листот вовлечен во неа беше започнат некој новинарски текст, а не романот за деца.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Те молам, Мила, те молам! – ја преколнував: Од ден на ден вестите за неа беа сè полоши.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Одбивав да ги слушам, не сакав да верувам во нив.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Смените со неа беа незаменливи. Секогаш имавме интересна тема за муабет.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Седеше, а пред неа беше блокчето и куп боици.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Крилата ѝ се заморија, очите ѝ се склопуваа желни за сон, но длабоко под неа беше море, над неа небо и немаше каде да почине.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)