неа (зам.) - излезе (гл.)

Од неа излезе еден старец кого Даниел го препозна дека е ѕидар, еден од работниците на Ангелоти.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Луција завршила дефектологија и сега работи во Центарот за слух и говор; солидно заработува, живее сама, а Земанек ја посетува одвреме-навреме, и се разбира, со неа излегува за време на државните празници и партиските прослави, за да ја покаже својата брачна врска пред јавноста.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Ќе одам кај баба ми – рече – ако си уште тука кога ќе се вратиме, ќе си играме, важи? - Важи – зловолно ѝ одговорив.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ама, по неа излегоа и нејзините родители.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Капакот на тортата се подига и од неа излегува Дики облечен во балетански хулахопки.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Сега ќе видите дека е можно!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Мојата избричена кукличка мора да е тука! Тики ми ја вети!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Грета ја трие ламбата и од неа излегува духот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тргна по удолнината и, кога стигна на раздрумот, пред неа излезе Кузе - сега еден од чуварите.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Редот треба да се знае, разбираш?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Крстовица го одврза торбичето и го подаде преп лицето на Кузе велејќи: - Ете, троа пченичка собрав...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Крстовица со наведната глава оди пред Кузе и, кога влегоа во канцеларијата на управникот командант на Прењес, таа застана до вратата и со уплав во очите гледа во чолакот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Вратничката полека се отвори и од неа излезе една страшна и грозна вештерка...
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Стоејќи на ридот под кој длабоко лежи бездната на Котелската Кула, ете, само се обидувам да си ја вообразам сликата за нив, но таа е бледа, далеку е од онаа вистинската во која војната беше дел од нивниот живот, од која едни останаа на вечна стража, други од неа излегоа осакатени, а трети го фатија неочекуваниот, но принуден егзил и голем број од нив засекогаш останаа во туѓи земји и меѓу туѓи народи...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Од неа излегов неповреден, но многу мои Албанци загинаа...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тоа уште посилно замекало, пришиената кожа се отпарала и од неа излегло козлето. Настанал пекол во куќата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)