неа (зам.) - им (зам.)

Слободата ја добија Бугарите со најмали жртви и усилби; неа им ја подарија Русите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Неа им ја овозможија оние што во срцето, до границите на личната саможртва, ги негуваа и ги одбранија двата идеала, човекољубивоста и божествената праведност.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Кога ги зел тој кај себе, за уште еднаш да ги провери дали ја зборуваат вистината, извадил една тетратка од сто листа и од неа им ги читал имињата на главите на сојовите од Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Закинтос е единствената еврејска енклава за време на холокаустот, која праведниците успеаја да ја спасат од првиот до последниот човек.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Неа им ја оставам во наследство на сите тишки што живеат во неа. Полин”. ...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Тука земјата им е полесна и во неа им е исполнета последната желба – да почиваат на своја земја и под свое небо.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)