неа (зам.) - кој (зам.)

Нервозно корнејќи ја сега и долната усна, Вера се прашуваше како е можно некој како неа кој важеше за најдобриот студент од групата, да не може да ја согледа разликата помеѓу него - големиот автор и некој обичен скрибоман.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Да се биде сам со неа која е тука некаде но сѐ уште неартикулирана барем од овој агол од кајшто јас гледам веќе тропка по прозорците веќе грепка во очите !
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Се што е видливо се суши, неговата невидлива енергија ( душата) си ја зема небото, а видливото го голта земјата или водата во неа која, пак, преку испарување, сушење, го враќа назад на небото.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Мајката Перса цврсто чекори како да има војнички чевли на нозете од мислата во неа која ѝ го шири срцето од храброста на мајката Роса што можела сама да ги води овие пет моми по патот на животот послан само со трње, од нејзината непрекидна борба со сѐ и сешто само тие да не ја почувствуваат горчината од отсуството на таткото!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Лединка со неколку овци на неа кои се потплашија од мавтањето на стапот.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
И многу работи се случија, далеку од Потковицата и внатре во неа кои од корен им го изменија животот на луѓето.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)