неа (зам.) - некој (зам.)

Неа некој ја имаше донесено тука уште во првите денови и сите ја имаа прочитано по којзнае колку пати, така што лисјата ѝ беа станати дебели и разресавени од честото прелистување со нивните рапави прсти.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ги премолче зборовите на мајка си коишто не само што ѝ беа против волјата, туку како да наиде во неа некоја сила што сакаше најубавото во неа да го нагрди.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Поседов со неа некое време и таа ми раскажуваше за...
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)