неа (зам.) - таа (зам.)

Младата генерација на сликари умее истовремено да ги пронајде своите ориентири во таа реалност крајно исполитизирана и покрај тоа што во неа таа не се чуствува многу пријатно.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Најпосле, ова се отсли­кува и во уметничкиот живот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Употребата на фотографијата од фронтот покажува дека тие му се обраќаат како на човечкото суштество Бојс така и на идеалот што тој го претставуваше.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Згора на сѐ таа е и дисциплински казнета, за наводно непочитување наредба од претпоставен, со парична казна наместо отказ. 4 Целта на новата директорка, според зборовите на Билјана, беше да ја понижи и омаловажи, бидејќи кон неа таа манифестираше и „изразена нетрпеливост“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Арно ама, во меѓувреме, новата директорка, поради лични (субјективни) причини, во септември 2009, го менува Правилникот за систематизација на работните места, при што се вршат промени во внатрешната организација на затворот, а се укинати и некои работни места – па на Зефиќ ѝ се доделува, за неа, деградирачкото работно место – референт!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
После Македонија цела влезе во државата на Немањиќевците. Во неа таа како да била привилегирана и самостојна во внатрешната политика.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ќе речат некои оти културната работа е возможна само кога има политичка слобода; без неа таа е невозможна. – Вистина, во таа забелешка има еден дел вистина, но само еден дел.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тој стана толку очаен, што уште тука, во живиот пренос, бараше некој од организаторите да му објасни која е таа девојка воопшто и што таа бара во неговата емисија.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ова се случи откако падна од столот.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Кога Нико беше во емисијата отсвири една песна на својата мала органа, што беше сосема во ред, но кога Мерв се обиде да поразговара со неа таа едноставно седеше не зборувајќи ништо.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Играат дечињата околу неа Таа чита за Ороско* како го забодува својот крст - со удари на секира.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Во неа таа сега го гледа своето разбранувано море.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Како можеше Хелвиг толку долго да ја крие од неа таа своја друга личност?
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Пела со восхит зборуваше за учителката, за неа таа била друга Богородица, сите дечиња за неа биле деца мои, исто како што ги нарекуваат нивните мајки, ја слуша и открива дека гласчето ѝ е милозвучно, лицето насмеано и мило, а тој само понекогаш ќе речеше дека не знае каква е неговата учителка, дека за тоа и тоа тие досега не зборувале, или дека нему подобро му е крај големата река отколку да оди на училиште.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Пред да легнеме да спиеме Роза ми рече: “Постојано се прашувам дали бев добра мајка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Првата вечер по враќањето сестра ми не сакаше да спие сама во домот, и јас останав кај неа таа ноќ.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во неа таа сега го гледа своето разбранувано море.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)