неа (зам.) - тој (зам.)

А во неа тој беше страната што губи.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Откако се раздели со неа тој не еднаш осети дека многу од неговите предвидувања паѓаа во вода.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
За најприврзената, единствената која што во мачните изгнанички години страдаше со него по пустите острови, која го храбреше, советуваше, која му роди и отхрани во гордост и топлина два сина – за неа тој беше убеден дека го труе.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
И со својата постојана грижа за земните работи, со своето внимание кон него, со телото и со душата своја, таа го осветува, оти само преку неа тој е весел во својата тага и имотен во својата беда.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Но, „радоста на живеењето“!... во неа тој ужива од најраното детство досега, а кога баш не му оди од рака, уште повеќе ја наоѓа во луѓето и случувањата.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Што ли значеше за неа тој?
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Од неа тој не можеше да очекува ништо друго, освен една уште потврда скованост.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А отсекогаш, за времето на сета оваа преклонетост, а и пред тоа, додека се приближуваше до неа тој сеќаваше како сите патишта водат таму, кон тие зборови, кон оној човек, што ги остави во него нив, кон оној негов Брат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Само дали ќе најдам шајка да му заковам на едниот крај и така да можам да го потфатам со неа тој железниот лост однатре и да го поттргнам нагоре, да ги откачам железните лостови...“
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Татковата библиотека, со време, стануваше вистинска вавилонска тврдина на Балканот, од неа тој го сочинуваше инвентарот на главните идеи за да се најде природниот излез од забрзаната историја.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Во неа тој оптимистички ќе заклучи дека за наша среќа и за среќа на нашата иднина вистината напати без туѓа помош умее да ги прескокне сите објаснувања. (Еве и овде е загатната иако не сосема прецизно таа чудесна вистина што тој ја означува како подвижна).
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)