неа (зам.) - јас (зам.)

Со неа ќе ја откријам лирата со која Ахилес им пееше на своите војници; со неа просторите ќе ги заробам во време и како граница меѓу столетијата ќе ја оставам својата надеж во која – сѐ понатаму ќе се пресоздава и множи; со неа јас ќе одминувам и ќе се враќам во ѕвездите; необјаснивите знаци на луњите и на пустошот, низ надежта ќе ги пресоздадам во тајнопис кој како жесток призив: мртвите ќе ги гледа живи – живите мртви а татковината во мртвите ќе чита свое спасоносно писмо. ***
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Но кога ќе ја сретнам очите ги кријам, си свиркам, божем ништо не е важно, и си мислам: зар за неа јас да не спијам... Но свртен ја гледам долго и тажно...
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Ете, така дојдов на идејата да ѝ пишувам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
За неа јас останував невидлив.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
По неа јас - девојче Сара, па се родија Марија и Стефан на Споменка, а Светле роди син, но подоцна и не го знам неговото име... (Во „шестка“, во речиси исто време, Слаѓана го роди Александар) По 14 години, сите се запишаа во „Орце Николов“... и сите седуммина матурираа заедно.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Свадба е супер „дешавка“ и на неа јас, како вработена, секогаш добро сум се забавувала затоа што не поминала ни една а јас да не изиграм барем едно оро, а при тоа и добро да се најадам.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И реков на Катерина дека за разлика од неа јас не можам да им сочувствувам на столовите.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Таа... молчи си ти, и неа јас ќе ја свиткам.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)